Потребни состојки: Плус ќе ти треба и - половина путер - млеко колку подлогата што ќе ја правиш да се добие убава смеса - 2-3 чоколадi за готвење - 3 жолчки -какао Подготовка: 1 слој: -Се дели белиот фил од ореото и се трга настрана. Бисквитите се мелат, се додава малу путер, малу млеко и какао колку да се добие смеса. Потоа смесата се става во тавиче за торта и во фрижидер да се стегне. Пред да се почне со другите слоеви, се мати 500 мл (ја најчесто половина и повеќе истурам од слатката павлака отприлика околу 700мл-800) Е,зависи се од вкус може и да додадете плус или одземете. Се дели на три дела смесата. 2 слој:- Во првиот дел од претходно поделената смеса се додава нутела и се мати. Нутела колку сакате може да додадете, ствар на вкус е. Се става во фрижидер да се стегне овој слој додека го правите другиот слој. 3 слој:- Се прави крем со 3 жолчки на пареа и 1-2 лажици шеќер. Потоа се додава чоколадото нугат и се меша брзо за да се направи убава смеса. Потоа оваа смеса се додава во вториот поделен дел од слатката павлака и маскарпонето и се мати. 4 слој: Во третиот поделен дел од погоренаведената смеса се додава филот кој претходно е одделен од ореото и се мати. 5 слој: Се додава чоколадата за кување, нутела колку што сакате, слатка павлака од око ќе видите колку треба. Тортата е превкусна Повеќе ми испадна ко сладолед торта Бон апетит
Бутчето само е премачкано со сенф и јадра сол и со конец е сошиено . Се печеше под фолија во плехот се става цели лукчиња колку за мирис ,а на крајот фолијата се вади да порумени одозгора. Ладно се сечи
Ама е личен бурекот Ај да ми кажеш како го правиш ( чекор по чекор) и на колку печеш. Ако не те мрзе де
500gr.кори 300гр.сирење,изварка или месо по желба 250мл.кисела вода 125мл.масло 1л.сол 50гр.путер Во длабок сад ги мешаме водата,маслото и солта.Во тркалезна тава намрсена со путер ставаме две кори,оставајќи ги краевите да висат од тавата.Попрскуваме со мешавината од масло и вода.Потоа во тавата редиме неколку кори стуткани во големина на тавата.,и ги попрскуваме повторно.Половина од сирењето го нанесуваме на корите.Врз сирењето ставаме стуткана кора и попрскуваме со маслото и вода.Додаваме уште една стуткана кора,и пак ја пропрскуваме.Врз кората го ставаме преостанатото сирење и попрскуваме.Краевите што висат ги затвораме кон внатрешноста на бурекот и со остатокот од масло и вода го прскаме.Печеме 25мин.на 180 степени . Пријатен апетит
Може глупаво прашањево - ама колку голема тавата? Дебелината веројатно е битно да се запази... Решив да си пробам среќа дс го правам па детали прашувам
Ахааа. Значи зависно од големината на тавата за еден ред би можела да потрошам и 4-5 такви згужвани кори, така,?!
@buba4e89 @kuc Уште утре ги правам вашите рецепти за фурнаринки и бурек. Не можам да одолеам ми сњ вртат во глава