Тури потпечи ти е ѓомлезе, ова погоре се питулици, а боден дедо е друго. Сите три се различни специјалитети, со различни рецепти Референтче, ак идеш да провервиш, маф ми е работата. Јас си готвам, си сликам, и после месец дена ќе ми текне да ги префрлам сликите на компјутер, па дури тогаш да ги објавам... за срамота, знам
@Annath Ако може рецепт за баклавата од лешници .. и колачот со банани лешници и бела чоколада на Рудолф 24 Kitchen ?
Ај ќе ти ги пишам од дома, важи? Уште сум на работа, ако стигнам денес, ќе ги пишам, ако не, утре сабајле обавезно ги добиваш.
@ludoto19 Рецепт за тортата со бисквити .. се извинувам дека мн.каснам со рецептот 1 пудинг од ванила се вари со 500 мл. млеко , се трга од оган се чекаа 5 мин. малку да поолади и се додава 1 маргарин се промешува со лажица да се растопи и се додаваат 500 гр. кршени бисквити ,суво грозје по желба , 6 банани чоколади , 2 пак .ресани ,ореви , желее бонбони , меденјаци . И се соединува со раце и се прави ролат . И то је то .. Се става во фрижидер да се стегне . Јас ореви не ставам некогаш поубава ми е без ореви има доволно други продукти . @Annath Секако дека нема проблем .. кога можеш тогаш не ми е итно ..
@Winter Lady Вака јас ја правам тортата со бисквити, си имам различни верзии, ама ова најчесто. Варам литро млеко за 2 пудинга (најчесто чоколадни) и во самото млеко ставам 3-4 големи лажици шеќер.Исто и во смесата ставам шеќер, кај што се меша пудингот со вода. Кога ќе се свари пудингот, сеуште дур е врел на самиот пудинг мѕ додавам 1,5-2 чоколади за готвење. Е сега редам ред бисвкити, и им редам и ресанки сечкани на ситно, или желе, или медени срца што сакаш.Ако сакаш и се, и ред пуднинг, после пак реди бискивити ресани,желе, ред пудинг и се така
Ако не е на одмет и твојот рецепт .. Па секако и јас ставам шеќер исто како што се прави пудингот 4,5 лажици .. И на крај ја мачкам со 2 кујнски чоколади растопени на пареа со малце зејтин или маргарин.
@Winter Lady КОЛАЧ СО БАНАНА И БЕЛА ЧОКОЛАДА 230г брашно 30г какао лажиче прашок за пециво 100г лешници 115г путер 150г шеќер 2 јајца 60г бела чоколада 3 банани Се загрева рерната на 130 степени. Се тостираат лешниците и се сечкаат крупно. Путерот се топи на тивко. Се меша брашното со прашокот за пециво, какаото, шеќерот и лешниците. Јајцата се матат со стопениот путер (да не е врел). Чоколадата се сечка, а излупените банани се пасираат со вилушка. Се мешаат со путерот и јајцата и таа смеса се додава на сувите состојки. После тоа се додава и сечканото чоколадо. Се меша убаво да се добие хомогена смеса и се истура во правоаголен калап за печење обложен со хартија. Се пече час и половина на 130 степени. Кога ќе се испече, се вади од калапот и се украсува по желба со матена слатка павлака, лешници и банани. БАКЛАВА СО ЛЕШНИЦИ Кг готови кори 500г лешници еден маргарин 250мл масло Се вари на оган 10 минути: еден и пол кг шеќер ќесичка ванилин шеќер литар вода малку лимонтус Се редат корите во плех една над друга, а меѓу нив се прска малку масло и малку потпечени мелени лешници. Кога е готова се сече, се попарува со еден стопен маргарин и се пече. Се попарува ладна со топол шербет.
Toa e od cameo pakovajne za torta,vnatre ima od biskvitot i cremite potoa jas gi podgotvuvam. Isto kako sto imam pogore za tortata od limon Mnogu lesno se podgotvuvat i mnogu vkusni se Mislam kaj nas nema od cameo,mozebi od dr oetker...
Kazuvaj sto se ima vnatre zs ligi mi tecat. Morkov,kompir I kromid mozam da zabelezam, no dali ima nesto drugo sto I ne go gledam bas,m?
Морковче, тиквичка и кромидче ..ништо друго, кукле мило Кромидот се пропржи малку на путер, свариш морковче, насецкаш тиквичка на коцкици и ја пропржиш со кромидот, додаваш морковот сето да се соедини и пропржи и зачиниш со нешто по избор...се на се , за 15 / 20 мин ова се прави ! Ова го правев зошто имав моркови и тиквици кои ми се врткаа одамна, а морав да ги искористам.
@Abrakadabra jas pa glupava kompir pomisliv deka e Ti blagodaram mnogu Abrice najmila @kjukli Soncka eve recept. 1 jajce 1casa sejker 1casa mleko 1casa maslo 1pecivo 3 lazici marmalad (mojot bese od smokvi I slivi no nema vrska kakov ke imas stavi) Brasno po potreba. Jajceto i sejkerot se matat so mikser I mu se dodavaat ostanatite sostojki I gi mesas so zica za matenje da se soedinat. Go pecis I odozgora cokolada topena I papaj
@mirandaa ако може рецепт за сладоледот од манго и ванила, и рецепт од овошната пита? @1209 рецепт за питата со праски? 3 рецепти побарав, ваљда ќе направам барем нешто
Ovosnata pita e mnogu lesna i brza.Se matat dve jajca,edna sredna casa brasno,isto tolku i seker,edna kesicka vanilin seker i edna lazica zejtin.Seto toa se mati,dodeka ubavo ne se zgusne.Po zelba moze i da se stavi edna mala/golema lazica kakao,vo smesata.Se stava da se pece mnogu kratko,edno 5-10 min.dodeka n naprai kora gpre,no sepak da pstane meko.Se vadi i seckanoto ovosje(po zelba)se stava odozgora,no treba da potone vo testoto.Zatoa malce posilno ke go frlas ovosjeto vo testoto,naizmenicno,za da potone vo testoto,da ne bide samo odozgora.I potoa go vrakas vo rerna dodeka ne se ispece cela.Nekoi 15-20 min. Mnogu e ubavo da se servira so kugli sladoled.Zaedno da se jade. Sladoledot e obicen,kupen od vanila,za pravenje.No dodeka se pravi dodadov sitno iseckani parcinja mango,a odposle i seckani lesnici,orevi,bademi,po zelba.I se stava vo mali okrugli plasticni cinii za sladoled,ili kakvi i da imas momentalno, da odstoi vo zamrzivac edno 2-3 casa.
@Peppermint ај те молам раскажи ни нешто повеќе за чоколадната убавина што си ја постирала вчера. Печен чизјкејк е? Како се подготвува и од што? Ми изгледа ко одлична замена за роденденска торта.
Во основа е овој рецепт. http://www.coolinarika.com/recept/chocolate-cheesecake-with-raspberry/ Јас во филот не ставив малини, зошто моиве смотанковци не сакаа така. Така да, нив им го послужувам со чоколаден прелив, а за мене си направив сос од капини за прелив. Одличен контраст. Друга модификација е тоа што не ставив нутела во филот (немав), туку две чоколади, една за готвење и една млечна Милка. Друго се е исто според рецептот. Одличен лесен десерт, кој се спрема за неполни 30 минути, без печење. Но, најубав е убаво изладен.