Фала, го обожавам, превкусно е. Сецкано авокадо, домат, пиперка, кромид, сув магдонос и цеден лимон, малку ја толчам на крај смесата.
@tirkenbal ќе земеш убави парчиња пилешки стек, ако е дебело парчето можеш и да го исечеш. Јас не ги сечев само ги исчукав. Во средината ќе ставиш печеница и кашкавал и сето тоа ќе го свиткаш. Ќе го ставиш во замарзивач околу 10тина минути за да не ти се отвори кога ќе го пржиш. Го поховаш со брашно, јајца и презла. Го пржиш да фати убава боја и после во тавче стави ги да се попечат малце околу 15тина минути. Не е комплицирано воопшто, само кога ќе го виткаш стекот гледај убаво да биде стегнато за да не ти се растури.
Секако, мила. Ова е рецептот. Јас повеќе по чоколада сум и пред да го додадам пудингот од ванила , ставив чоколада за кување во гризот т.е 2. На крајот кога беше готово додадов мелени ореви. Кога се излади премачкав со претходно растопена чоколада. Многу брзо се прави. Ептен едноставно. Ако нешто треба за појаснување тука сум. Гушки...
Дa ги зaмoлaм мoдерaтoрите,кoгa се стaвa рецепт дa oди сo сликaтa oд ФИ.Еднo време oдеше тaкa....и беше пoпрегледнo...
Што се однесува до мене, нема проблем. Имаше пред некое време, ист предлог ваков, ама слаб интерес, и темата си продолжи исто како претходно. Како ќе одлучите така ќе правиме.
4 мали компири варени, околу 200 гр обарена брокула, мала конзерва грашок, неколку маслинки и ставив и пола авокадо ама згрешив следен пат без него ќе правам. Компирите се гмечат со вилушка а друго се блендира со малку вода и се меша со компирите и сол се додава. Преубаво е густо исто како паштета.
Шолја ипол брашно,1 лажиче ванилин шеќер,малку сол,3 големи лажици какао,1 шолја сладило по желба(јас користев пола каф.шеќер+пола маџун),5 лажици масло,исто по желба,може и кокосово,и една шолја кисела вода. Се ова се меша убаво заедно,па на страна во чаша се става 1 лажиче сода бикарбона+1 оцет.Ова треба да запени,па се додава во смесата и уште еднаш се промешува,па се префрла во форма за печење.Се пече во загреана релна на 180,околу 40 мин. Бадемите и оревите одозгора не се задолжителни.Можете од смесава и да печете мафини со кандирана црешка/вишна во средина,или посно бело чоколадо. Колачов не е многу благ,доколку сакате поблаго слободно зголемете доза на сладило/шеќер. Не се суши,има преубава текстура и колку повеќе стои толку е поубав. Совршен е за доручек,со малку џем и шолја чај