@orhideea 250гр брашно 200гр шеќер 20гр какао 1лажичка нес кафе 270мл вода 125мл масло 1мало лажиче сода 1 лажиче цимет 1лажица мармалад (јас мешан ставив) Во сад ги мешаме сувите состојки, па ги додаваме водата,маслото,и нес кафето растворено во вода, ставаме во куглоф или било какво тавче, и се става на печење, 30мин на 180 степени. Кога ќе се излади поросоуваме со шеќер во прав.
Повели https://popara.mk/2014/recepti/najvkusnite-domashni-gjevreci/ Мајка ми со чаши правеше форми Спојлер Малку ги оставивме да покиснат и пред печење
Извини да прашам пак нешто јас , во рецептов пишува 500 грама брашно , а прво се меси тестото со квасецот и шеќерот и млекото , па стасува и пак после се разнесува па се дотура и маргарин , јајце и пак брашно , па повторно се меси и стасува , некако не го сфаќам ич ова хаха Како го замесуваме вие ? Се заедно или вака се оделено ?
300гр. мелени бисквити 200гр. путер 3 јајца 100гр шеќер 250гр. урда 250гр. маскарпоне мармалад за премачкување. Бисквитите и путерот се мешат, се тапшат на плехот и се остават во фрижидер додека се спрема филот од јајцата, шеќерот, урдата и маскарпонето. Сето тоа се истура врз бисквитите и се пече на 180° околу 30 мин. Одозгора се става мармалад по желба ( мене ми е најдобро од шумски плодови).
@eli25 и кај вас денес гевречиња. Еден куп испаднаа незнам кој ке ги јаде а вкусни. Дај ми рецепт од белата торта на третата слика, примамливо изгледа. @iloveyou29 рецепт за макароните со пилешко, ептен добро изгледаат.
Ги варам прво макароните. После го динстам пилешкото исецкано на мали коцки. Кога ќе биде готово ставам во тава макароните и пилешкото, ставам изматени јајца ( можеш 2,3) зависи колку сакаш, ставив и 1 лажица кисело млеко се се меша во тавата и на крај одозгора рендам кашкавал. Малку се запечува. Превкусни се.