По овој рецепт ми е правен, само место кромид ставив пиперки. Гледај тавата да биде на тивок накај среден оган и да се пржи околу 5 минути од секоја страна. Ептен вкусно излезе, доста ситно исто така.
Ваљда линкот лошо сум го ископирала. Пробај сега http://www.vegansandra.com/2014/06/chickpea-and-onion-omelette.html?m=1
1 маргарин(мек на собна тт) 150гр шекер во прав 200гр кокос 2 банани средни (изгмечени со вилушка) Ако не ти се замесува ќе додадеп сок од портокал И се брбела во кокос.
Рецептот е од Софи Мар. 2јајца се матат,6гол лаж кисело млеко, брашно отприлика за густина како на амерички палачинки. Сецкан спанаќ и сирење и пржи на тивко. @bella.s
Пред 3 недели или помалку има незнам си ставила една слика со кифлички дел со какао дел бел беше ти побарав рецепт ама изгледа не било твое дело
@Purplelilac @buba4e89 @saramila09 Се извинувам што се изначекавте за рецептот ама тетратката со рецепти не ми беше тука, еве го рецептот Квасецот се остава да нарасне со малку топло млеко и шеќер. Од брашното, сите останати состојки и стасаниот квасец се замесуваат во меко тесто. Без да се остава тестото да нарасне веднаш се дели тестото на 8 топчиња кои се расукуваат во мали кори. Секоја корa се премачкува со маргарин и се редат една врз друга. Последната останува не премачкана со маргарин. Се расукува голема кора и се сече на траголници (големина по желба) Секој дел се филува по желба со крем, мармалад од кајсии или џем од црни сливи, за боја додавав чоколада рендана, значи од како ќе се испечат кифлите се додава растопена чоколада или рендана, па врз тоа шеќер во прав ).Се виткаат кифлички.Се редат во намрсена тава со маргарин и се оставаат околу 1 час да нараснат. Пред да се печат се премачкуваат со жолчката, од како ќе се испечат се посипува секоја кифла со шеќер во прав и се пече на 180 С околу 20 мин. ( ако нешто не ви е јасно пишете ми порака ќе Ви објаснам подетално)
https://moirecepti.mk/post/полулиснати-благи-кифли Вие се изначекавте, а рецептот да ти бил тука. А тој црнобелиот "сос" од што беше?
Јас имам тетратка со рецепти, ете го имало и на интернет истиот, истата постапка барем, не сум обратила внимание, како што има повеќе рецепти исти. Со чоколада го имам правено додека овде го нема тој дел.
@Bubce38 рецепт за сосот? @Salome повели 1кг брашно (од тоа интегралното од кам) 1лаж сол, 1 лаж шеќер, 2лаж свинска маст 1 пециво,500 мл вода. .веднаш се прават топчиња не треба да стаса, се расукуваат и се прават форми на ѓевречиња. Мастрана треба во големо тенџере 1литар вода да зоврие со 1гол лаж сода и се варат ѓевречињата. Кога ќе излезат на површина та се готови. се валкаат во сусам и се стават во плех со хартија, и се печат. 300гр сусам обично ми оди Што повеќе сусам точку подобро
Како што пишав урми,ананас и ореви(инаку можеш по желба било кое суво овошје) се сецкаат се става се во блендер со малку многу малку вода. Се блендираат и се валкаат во кокос или мелени ореви . Кога се блендираат гледај не знам како да ти објаснам да не стане смесата како каша туку да има по некое мало парче урма,оревче или што и да ставиш.
Браунис . (од @LiliBoz ми е ) 400 гр чоколадо јас ставив млечно алпико , се топи на пареа со 6жолчки. Се матат 6 белки настрана и се додаваат и мешаат со чоколадото. Се пече 30 мин на 180 степени (јас 35 и ми загоре малку).
@eli25 Запржувам на путер едно лукче, додавам 250 мл млеко и 1сл кари и малку вегета . на тивко врие 2-3 мин па му ставам 3-4 зденки да се растопат. Овој пат ставив и малку кашкавал . Со нане плус ми е супер. Ова обично го правам со пилешко на коцки . Дозава ми е за една порција . Муж не јаде вакви "шљакници"