Немам некој одреден рецепт, се' ставам отприлика. Ставам брокула да се свари, околу 4-5 мин. највеќе и ја оставам на страна. Во меѓувреме на загреана тава ставам млеко колку да се покрие дното и пола лажиче брашно и тоа се меша и се вари околу 2-3 минути. Потоа тука додавам една зденка, неколку парчиња кашкавал по желба и малце вегета, мешам додека се стопат и во тоа ги додавам макароните и брокулата. На крај откога ќе ги тргнам од шпорет додавам павлака по вкус. Се надевамдека добро објаснив, ако нешто не ти е јасно слободно прашај.
https://www.coolinarika.com/recept/preliveni-burek/ Eve go receptot,ubavo e objasneta postapkata. Inaku ja Go pravam od 1kg kori i 1 kg meleno meso.Se se duplira od sostojkite za prelivot sto e ,samo jajca pomalku-stavam 2 na 1 kg kori. Pred pecenje,stavam 1 kora gore i ja poprskuvam so zejtin.
Еве рецепт: 300гр путер (омекнат) 200гр шеќер 6 јајца 300гр брашно 1/2 пециво овошје по желба (користев мандарини и вишни) сок од портокал Се мати путерот и шеќерот па се додаваат јајцата на крај брашното и пецивото. Се пече на 180 степени оклу 30-40 минути. Откако ќе се испече го редиме овошјето и посипуваме од сокот (користев вишни од тегла и конзервирани мандарини па користев од тој), значи со лажици попрскуваме, не многу. За шлагот потребно е: 2 пакетчиња слатка павлака од 250мл 2 пакетчиња шлаг од 200мл (може и две пакетчиња шлаг во прав , да се измерат со млеко) 2 ванили Се мати и се посипува врз тортата, на крај наросуваме цимет. п.с. shmand apfel kuchen оригинал на насловот само не користев јаболко. Барај општо shmand obst kuchen ќе најдеш многу варијанти.
Секако дека може 170гр путер (омекнат) 170гр шеќер 3 јајца 1 пециво 300гр брашно 1 тегла old english marmalade 450гр рендана кора од лимон Прво се матат путерот и шеќерот па се додаваат јајцата , најпосле мармаладот(околу 2/3 од мармаладот се става, останатото за глазура го оставаме) па брашното и пецивото. Место кора од лимон ставив сок од портокол околу 30мл па додадов уште малку брашно. Се пече во правоаголен калап на околу 180 степени околу 50-60 минути додека да фати убаво бакарна боја. Кога ќе се испечат ја правиме глазурата со останатитиот мармалад , додаваме 1-2 лажици вода и 3 лажици шеќер во прав, на тивок оган ќе крчка додека да карамелизира, потоа го полеваме готовиот колач. Колачот морам да напоменам е со специфичен вкус кој доаѓа од мармаладот кој е прилично горчлив всушност е од кори од портокол, но во колачот со шеќерот му се неутрализира горчливоста во некој степен и има некој невообичаен горко-сладок вкус. Случајно налетав на мармаладот и не можев да го јадам така па му најдов решение по интернетов барајќи рецепти. Секој не верувам дека ќе биде воодушевен, еве маж ми проба и се откажа инаку е прилично со пребирлив вкус кога е во прашање храна. Мене ми се допадна и да би го правела повторно. За после кафе или чај одличен десерт.
@Ginger^ ќе може рецептот од сосот и месото што ти е постирано на 19 март? Не знам како да го цитирам. сосот изгледа превкусно И спанаќот дали е само динстан?
6 пакетчиња ресани, ги сецкаш на коцки во длабок сад и ги попаруваш со врело млеко 200мл, 100г чоколадо растопено, 200г маргарин и 3 лажици шеќер. Мешаш со лажица да се соединат и ја притискаш смесата во тепсивче како кора. Одозгора ставив шлаг од чоколадо. Малку да се излади и готов е.
@joy1 Да, се топи заедно со млекото, чоколадото и шекерот и врело се тура по малку врз исецканите ресани дури да омекнат.