Фокача или тесто со секакви убавини врз него. Јас направив две, една со маслинки и пармезан и една со домати, лукче и рузмарин. За тесто (све праам од око) 230 гр бело брашно 25 гр свеж квасец топла вода лажиче шеќер лажиче сол Во длабок сад, во млака вода растопете го квасецот со солта и шеќерот. Додадете две лажици маслиново масло и промешајте. Треба да се направи пена. Водата не смее да биде прежешка, ниту премлака. Потоа го истурате брашното и промешувате. Јас секое тесто го играм со дрвена лажица. Кога ќе стане глатко, покријте го со крпа и оставете го 30 минути на топло место (може и во рерна, невклучена се разбира). Кога ќе се крене двојно од првичниот волумен, поделете го на две топчиња (ќе се тегават, па рацете намачкате ги со масло) и растегнете облик на неправилна пица/фокача врз хартија за печење. На едното тесто набоцкајте маслинки сечкани и поросете пармезан. На другото тесто ставете парченца домат и сечкано лукче. Рузмарин ќе наросите 3 минути пред да ја извадите од рерна за да не се изгори рузмаринот. Печете 10/11 минути на 220 степени. Зависно од типот на јачина на рерна, внимавајте на горниот дел (мене едната малку ми се исонча). Бон апетит!
@orevka крофничките се правени во апаратче за крофни.Заедно со него има повејќе рецепти па можеш да експериментираш.Јас го правев следниов; 2 јајца 2 лажици шеќер 1 шоља(за млеко)јогурт 1/2 чаша масло 1 кесичка прашак за пециво 16 лажици брашно. Се полнат калапите со смесата и де печат 7 мин.
Убаво изгледа, оваа ужинка е баш како за мене. Подлогата е од тие оризови галети, нели? Со што е премачкано?
Да оризови галети, путер од кикири, јас преферирам од скроз мазните, и од горе малку имам напрскано овес поќе колку за слика, малку сува брусница и две-три малинки. А, и пола лажичка светол, планински мед. Од се по малку.
Обично лиснато тесто купив и размесив и растворив чоколадо, еурокрем и млеко и премчкав на лиснатото и од горе малини и аронија и ги печев. После изблендирав шеќер и цимет и ги напрскав. Без рецепт, скроз експериментално ама превкусно.
@manako1 тоа се ќофтиња со бешамел сос и кашкавал одозгора. Меленото месо го зачинуваш по желба, формираните ќофтиња ги ставаш во загреана тава малку да се зацрват (ако не сакаш пржени може директно во шпорет да ги печеш) Во меѓувреме на малку путер запржуваш 2,3 лажици брашно, додаваш зачин по вкус и вода колку сакаш да ти биде густ сосот (нека биде средно густ бидејќи потоа во шпоретот се згуснува уште малку). Сосот го истураш врз ќофтињата и печеш уште 20 мин на околу 180°. На крај се става рендан кашкавал (јас прв пат ставив) и да ти кажам не е нешто којзнае што, се може и без него.