Мојата роденденска торта- 6 јајца, посебно се матат белките со 6 лаж. шеќер и посебно жолчките со 6 лаж. шеќер, 100 мл. млеко,50 мл. масло. Се ставаат изматените жолчки во белките и се мешаат заедно. Се додаваат 6 лаж. брашно, 3 лаж. какао и 1 пециво. Се пече еден пандишпан. Фил: 750 мл. млеко и 250 гр. шеќер да зовријат, се додаваат 2 пудинзи од јагода размешани со 1-2 лаж. брашно. Се вари крем и се остава да се излади. Настрана се разматува 200 гр.маргарин и се додава од изладениот крем лажица по лажица. Фил 2- 500 мл. слатка павлака се мати поцврсто и се додаваат сецкани јагоди , јас ставив околу 300 гр. можеби, не мерев точно. ( пандишпанот ако е посув можеш да го испрскаш рамномерно со млеко и можеш варијации да правиш, ако сакаш повеќе овошје додади во првиот фил). Јас немав толку време зошто ќерка ми е мн. мирна инаку хаха. Да не кажувам колку пати свеќа ми дуваше Позз..
На драго срце, WarriorAngel https://turlitavaorg.wordpress.com/2017/01/19/леб-без-брашноhljeb-bez-brasna/
@Anabelle.Amorette рецепт за пирошките и постапката ако не е проблем Преубаво изгледаат сигорно се и мнооогу вкусни
За количината на состојките не знам точно, од памет мајка ми стави. Зависи за колку лица ќе го правиш оброкот. Во смесата секој си става сувомеснато по желба, зачини по желба. Може и сирење наместо кашкавал, во овие имаше и перца од млад кромид. Има разни рецепти на нет, еве еден од нив http://hitportal.com.mk/brzi-kroketi-od-kompiri-retsept/
Хумус е ова. Можеш готов да го купиш или сама да го направиш. Јас готов го купувам и само лук, лимон и маслиново масло додавам додека го подгревам.
Гледам рецептов е со свеж квасец. Сакам да ги правам со сув. Дали треба нешто да се скрати на пример млекото?
Ете јас не знаев оти може и со сув квасец да испаднат убави. Мило ми е што ти испаднале убави. Поздрав
Наутот одделно се вари без зачини и кога ќе се свари се трга на страна. Одделно во подлабока тава или лонче се става малку масло и тмин да се испржи додека не почне да менува боја, после се додаваат неколку чешниња лук и се меша една минута. После се става ситно исецкан кромид и морков и се пржи и промешува додека кромидот не омекне целосно. Тогаш се ставаат неколку ситно исецкани домати и зачините се ставаат сега. Од зачини ставив куркума, кардамон, ловоров лист (четвртина), не мелен црн бибер, црвен пипер.. можеш да експериментираш колку сакаш, јас никогаш исти зачини не ставам Откако ќе ги додадеш зачините, промешај и стави пола филџан вода и покриј со капак за да омекнат доматите убаво. За 3-4 минути би требало да бидат меки, па после тоа додај го наутот со водата во која што е варен, промешај и остави 10 мин да проврие заедно за да се впијат зачините. На крај стави сол, промешај, па магдонос и пиперка, повторно промешај и готово е. Лично, не сакам кога пиперката е варена, па затоа на крај ја ставам.
Мафините се уствари печено јајце шо некогаш го прам во пајнче. Две јајца ги сматив со виљушка и му додадов дробено сирење и ситно сецкан кашкавал внатре по желба, ништо друго пр. зачини, само јајце со сирење и кашкавал. Ги ставив во калапчиња за мафини и од горе пола зденка му ставив, на долго ја секов и ги печев на 250 чинам беше, дур не збуфнат. Поздрава варијанта на јадење јајце покрај пржено, а подеднакво вкусно.