@fallenangel Еве од овдее бешее .. мислев дека од тетратка ми е , дека го запишував .. само јас го направив во куглоф ни ми испука додека се печеше ни ништо http://moirecepti.mk/post/колач-со-спанаќ-и-сирење
@Kukla994 рецепт за двете торти постирани тие 2 денаа , претпоставувам последната со вишни е кажувај имам залиха вишни во фрижидер а само една торта направив досега мрзла @maweja тортата со сладолед @Natali.3 чоколаден кекс со мармалад @realGirl за бајадерата @kjukli тортата со јаболки @Ginger^ полнетите патлиџани .. многу сум скромна мн. малку рецепти побарав
Mила @Winter Lady еве рецепт за Чоколаден кекс со мармалад. Потребни состојки: 6 филџани брашно 4 филџани шеќер 3 филџани масло 500гр. јогурт 3 мали лајчина какао 2 мали лајчина сода (Целата смеса се мери со еден ист филџан) Целата смеса се меша со лајца, се става во караванче и се печи. Откако ќе се испечи се вади од рерна и додека е жежок кексо се мачка со мармалад или пак со топено чоколадо.
@Winter Lady Ej eve ti recept od poslednata torta: 4 jajca 8 lazici seker 6 lazici maslo 10 lazici mleko 7 lazici brasno 1 prasok za pecivo Prvo se matat jajcata so sekerot I se dodavaat site drugi sostojki mesajki so zica za matenje. Smesata ke dojde malce labava no taka treba I se stava na pecenje. Fil: 1 hopla od polovina litar 2 casi sok pretvarac od jagoda (pretvoren da e so voda kako za pienje.) (Mojot bese od borovnica ne mi se najde od jagoda ) 3 lazici seker 1 puding od jagoda Se vari pudingot vo sokot I sekerot vnatre I se ostava da se izladi. Hoplata se mati so mikser I odkako ke izladi pudingot se mesaat zaedno so hoplata so mikser. Se macka nad testoto. I povtorno se vari 1 puding od jagoda vo 2 casi sok pretvoren od jagoda I 3 lazici seker. Go trgas od ogan koga e gotov da se izladi ama ne mnogu da e laden kolku da moze da se razmacka. A za taa drugata torta I ne mi teknuva bas so torta bese zs ja pravevme zaedno so bratucedka
@Winter Lady, Најверојатно мислиш на тортата со праски Пандишпан: Матиш 5 јајца со 5 лажици шеќер, откако ќе ги уматиш додаваш една лажичка прашок за пециво, 6 лажици брашно и 4 лажици мелени лешници. Се пече во правоаголна тава на 200 степени додека да нарасне и да добие златна боја. Се остава да се олади и се сече на два еднакви дела. Фил: Ставаш две жолчки со две лажици шеќер во тенџере на пареа и ги мешаш 5мин да се стоти шеќерот, додаваш 100мл млеко, 2 лажици брашно, и 400 мл слатка павлака. Мешаш додека да се згусне. Го оставаш да се олади. Отакако филот ќе се олади ставаш 5-6 сецкани нектарини, и го филуваш пандишпанот, го ставаш одозгора и второто парче пандишпан, ја филуваш цела торта, и ја декорираш со исецкани нектарини. Ја ставаш во фрижидер.
Фалаа ви девојки .. Ке бидат испробани .. дело со слика ке има .. уфф уштее поубаво и онака јаболките нелупени не ги јадам .. си мислев да ги ставам излупени .. сегаа ми олесна .. мн.убаво изгледа белиот фил .. следна за правење ..
Eве рецепт со мало закаснување 1 кг. Брашно Сол 3 лажици сув квасец 2 лажици маргарин кристал (ке го остајш на собна темп.за да можеш да земиш со лажица) 3 варени компири и направени пире и така се ставаат во брашното Се меси со малку млеко малку вода. Значи негде половина литар ти треба течност ке помешаш млеко и вода. Тестот го оставаш да стаса, откако ке стаса го размесуваш и го делиш на малечки колачиња (25колачиња мене ми излегоа ама немора да значи можи и 22 да ти испаднат еднаш така ми испаднаа) и прилично гледај ја сликата моја колакиви да ги отсукаш. Филот е од мелено месо запржено со една поголема главица кромид, масло, сол, вегета и бибер. Ставаш по малку во средината на секое колаче што ке го отсучиш и пак формираш колачиња. На тепсијата се става масло и се мачкаат со јајце и одозгора сусам и афион по вкус. Ако нешто не ти е јасно, обрати ми се
@marama , @Sky-butterfly Како ги правите тие полнети тиквички? На ист начин како и полнети пиперки ли?Ми изгледа вкусно,сакам да пробам.
Исто, само што тоа што ми остана од тиквицата, што ја вдлабев или како и да се вика го ставив во смесата со месото додека пржев. Одозгора магдонос и домат. Само гледај да ставиш повеќе сол, бидејќи со малку се како бљантави.
Извини што каснам, ама еве сега ќе ти ја пишам Тесто: - пола кило маслац (холандски маслац) - 8 жолчки одвоени - 1 цело јајце - пола кило брашно Подготовка на тестото: Се ставаат целиот мастраф во вангла, и се меша убаво. Потоа откако ќе биде готово тестото, се двојат од 30-35 топчиња. Потоа топчињата се ставаат на тавиче подмачкано со зејтин, над нив фолија се става и се ставаат во фрижидер за да бидат тврди за понатамошната подготовка. На пример, мајка ми доколку ги прае денес, вечер ги става во фрижидер, а утревечер ги прави. Потоа, кога ќе бидат тврди топчињата, подготвени за месење, се како подлога се става нишесте и над топчето се става исто, и доколку се залепи т.е има потреба при месењето, пак се става нишесте. Коричката се превиткува од двете страни кон средината по должина, а потоа два пати по ширина и на крај се добива коцкасти облик на кој сите 4 краеви се собираат кон средината за да се добие форма на плик. Исто така назлифатмите се добри и кога се виткаат како триаголници. И така е со секое наредно топче. Откако ќе направиш форма, се ставаат во плех подмачкан со зејтин, едно до друго, да нема размак. На почетокот ги печеш на 200 степени, а потоа намалуваш на 150, се додека не видиш самата дали се доволно печени. Ги вадиш од шпорет, и дур се врели ги попаруваш со шербет. Подготовка на шербет: - 1 ванилин шеќер - 3-4 капки лимун, - кило и 200 шеќер - 800 гр. вода Откако ќе зоврие, се остава да врие уште околу 7 минути. Најубаво е кога со ладен шербет ги попаруваш топлите назлифатми П.С назлифатме за да се направат, треба да се види лично некој што ги прави, за потоа тебе да ти испаднат убави Се надевам дека ќе ги направиш, и очекувам слика Пред: Потоа:
Сите што бараат рецепт за сладолед торта и по порака им пишав дека не сум моментално дома, надвор од државата сум, не ја знам на памет но се враќам на 20 Јули и обавезно ќе ви ја пишам! Поздрав, благодарам на разбирањето!
Одамна им се токмам, никако да ги спремам... се лето ме фаќа... а мора да се прават или во поладна просторија, или во поладна сезона ако ми текне да ги правам, ќе го пробам марифетот на мајка ти, може ќе ми бидат успешни
Да да, и тоа сум заборавила да го напоменам дека се прават во поладна просторија или поладно време. Доколку ги правиш сега летово, уклучи климата и терај, така ние правиме И обавезно чекам слика