Можеш секако! Јас ги правам со моркови, пиперки, домати.. со било што што ќе ми се пријаде. Комбинацијата со грашок ми е највкусна до сега, а баш ќе пробам и со леќа да ги направам напред пат.
250 гр шеќер се мати со 4 јајца. 100мл млеко и 125 гр путер (или маргарин кристал) се ставаат во тенџере да се растопат заедно. Штом ќе зовријат се додаваат така топли во смесата со шеќерот и јајцата. На крај се додава 300 гр брашно и 3 лажички пециво. Смесата се става во тавче и се редат јаболките излупени и сечени на тенки кришки. Се пече околу 25 мин на 200 степени. На крај се става шеќер ви прав одозгора.
Шеќерот и јајцата се матат прво убаво,онака пенасто да дојде. После путерот го ставаш во смесата со шеќерот. Јаболки колку,зависи колкаво ти е тавчето. Мене за ова две јаболки ми требаше. Еве го видеото со постапката. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1488368164617789&id=788178224636790
Благодарам, повели рецепт: ИТАЛИЈАНСКИ СТАПЧИЊА За тесто: 20гр свеж квасец, 100мл млеко, 1 лажичка шеќер, 700гр брашно, 250гр путер, 100гр крем сирење или павлака, 1 јајце, 1 лажичка сол. Квасецот издробен се прелива со топло млеко, шеќер и една лажица брашно и се остава 10тина минути да се дигне. Во половина од брашното се става квасецот, омекнатиот путер, крем сирењето, јајце, сол и се замесува и постепено се додава преостанатото брашно. Се дели на два дела и од секој дел се прави правоаголна кора (отприлика 35х35см) со дебелина 0,5см. Првата кора се премачкува со филот,а над неа се става втората кора. Се сечат тенки ленти (околу 1см) и потоа во хоризонтала на половина. Секоја лента се витка како спирала, се премачкуваат со јајце и се печат во плех на хартија 20тина мин на 180-200 степени. За фил: Во сецко/блендер се става 200гр кечап, 200гр шунка, 40гр тврдо сирење, 1 лажица оригано.
Секако дека може. Немам некој посебен рецепт . Црните се со чоколада за кување а внатре со мелени бисквити, мед, сок од портокал и кокос. А белите внатре се со мелени наполитанки и лешници. Белата чоколада е купена од кам.
Обично користам Thai Rise (ориз со долго зрно) од Dauti. Најпрво за да го подготвам за пржење, мора да биде полузготвен. Го ставам оризот во тенџере и му ставам двојно вода од количината на оризот. Се приготвува на мала температура доволна за да испари водата, а да не загори одоздола. Не се меша додека е во тенџерето, а знам дека е готов кога со лажица ќе ѕирнам од страна дали има вода на дното. Ако водата е извриена, би требало да биде малку во сува форма. Нареден чекор е зеленчукот и тавата за пржење. Јас користев замрзнат мексиканси микс и соја сос. Се запржува зеленчукот па се додава полуприготвениот ориз во тавата за пржење. Се пржи додека мислите е доволно, јас обилно го пржам додека не ги упие сите сокови од зеленчукот. На крај се сервира со соја сос и ако јадете луто, би било добро да додадете малку пикантно лут сос. Спојлер: Thai ориз
Леле дури сега гледам, извини Не знам дали не ми стигнала нотификација или пресно после пораѓај не сум ни обрнала внимание Си чекала скоро 2 месеца, ај уште некој ден, да најдам рецептот и ќе ти пишам
Еве ме по 2 месеца Тестото е - колку јајца, толку лажици брашно, исто толку лажици шеќер, толку лажици масло и толку лажици млеко. Зависи од тавчето што ќе го користиш, јас испеков едно тавче и го поделив тестото на 3 дела. Во жолчките ги додавам сите работи, а белките ги матам посебно. Па најпосле ги додавам белките во матените жолчки, но мешам само малку со лажица. Филот е пудинг од чоколадо со шлаг крем од ванила.
Ледени Коцки За пандишпан: 6 јајца 6 лажици шеќер 6 лажици брашно 1 пециво 2 лажици какао Се мати и се пече во тава бр.30. За шербет: 200гр. шеќер 200гр. вода Шербетот се става кога ќе се разлади малку пандишпанот. За фил: 1кг. млеко 6 лажици шеќер 1 пудинг 4 лажици брашно 1 маргарин Филот да е топол кога ќе се става. По желба можеш горе да украсиш. Многу е вкусна!