Лост што се овие? Ми личат на благи како крофнички? Што и да е може ли рецепт, мене тестата слаба страна ми се
Meшаш кокос, хопла неутрална, кокосово масло и ванила, јас ставив мед оти сум на режим и не сакав да користам шеќер, ама поубави се со шеќер, ако немаш проблем стави место мед. Се меша да се добие густа смеса, јас се ставав од око да бидам искрена, во рецепти многу ретко правам по мерки, па така ќе си ставиш зависи колку смеса сакаш да добиеш. Формираш бомбици, во средина ставаш јаготка, лешник или било што по твоја желба. и ставаш да се замрзнат преку ноќ. Нареден ден ги потопуваш во растопено чоколадо. Јас користев со 70% како, црно за моите и милка млечна обична за останатите, растопени на пареа. Ова у суштина е кокос бомбици или баунти чоколатца. Јас често ги правам оти се многу лесни, брзи и ефтини ако не користиш варијанта здрави состојки како јас во случајов, а ептен се слатки.
Купен ми е уште зимото, ама сега му дојде ред. Иначе големко е пакувањето да. Мислам дека е од Кит-Го маркетот или поранешен Туш, што го има само Велес и Струмица (мислам). Некоја феминка ти пишала од Кам, не сум сигурна, едно од тие две места е.. ако дознаам ќе ти пишам точна информација.. Поздрав и извини што доцнам со одговорот, обично памтам такви работи, ама ете не се сеќавам точно како беше.
Го правев со компир, тиквички и домати. Ги сечеш на тркалца и редиш во садот наизменично од сите. Одозгора ставив пченка и сецкан млад кромид. Од зачини сол, црн бибер, basil ( нз како е на мк ), магдонос и маслиново масло и малку вода. Се пече покриено со фолија пола саат и после ја вадиш фолијата и печеш така дури да се вцрви малце. Превкусно е.
Често ги гледам овие како палачинки ли се што ли се . Ако бива со обично брашно да се прави ова ќе може ли рецепт ? Ама детална постапка ако може
Не,ова се купени компирчиња од Кам маркетите. Од надвор се крцкави како поховани, внатре се меки преубави. Се пржат во врел зејтин околу 5-6 минути, една од поубавите работи кои ги имам пробано.
Рецептот е скроз на рака, има лимонов сок, рендана кора од лимон, шолја брашно, третина шолја вода, половина шолја млеко, шеќер од око ставив, малку пециво од око исто, две лајци стопен путер и две јајца. И од горе матена белка со шеќер во прав и малку цеден лимон.