Повели Во 250 мл топло млеко додадов 3 супени лажици шеќер, еден сув квасец и лажиче екстракт ванила. Во 125 гр омекнат путер изрендав кора од еден портокал и додадов едно цело јајце и две жолчки. Изматив убаво и го додадов млекото. Потоа во смесата го додавав малку по малку брашното, 500-550 гр, и замесив тесто. Го оставив да нарасне 30 минути, а притоа 3-4 пати го размесував. На крај го расукав тестото на набрашнета површина со дебелина колку еден прст и го покрив и оставив уште 15 мин да нарасне. Порасна тродупло и од така нараснато со чавче за ракија извадив форми кои при пржење се формираа баш како топчиња.
Тесто за кифли ништо посебно Бубале, само го замесив со млеко и јогурт и да е помеко да лепи на раце нека стаса убаво два пати и формирај панцероти. Полнети се со кечап, кашкавал и шунка многу се меки
3 јајца 150г шеќер 150г чоколадо 150г маргарин 150г брашно Малку пециво Ванилин шеќер Вака од меморија, ко ќе дојдам дома ако заборајв нешто ќе допишам. Прво јајцата ги сматив, од после другар ми даде совет дека подобро било да не пенат, следен пат така ќе пробам. Па му додадов постепено шеќерот и ванилиниот шеќер. Во меѓувреме се топи чоколадото со маргарино и то се додава во јајцата. И на крај брашното со пецивото постепено се додават и ги ставаш во калапи. Се печи на 180 степени, 10-12 минути, се креваат и распукуваат горе и тогаш се готови. Мислам дека ништо не заборајв, ќе допишам ако случајно заборајв. И внатре останват течни.