4 јајца и 18 лажици шеќер се матат, се додаваат 18 лажици млеко и 18 лажици масло, повторно се мати неколку минути и на крај се додаваат 18 лажици брашно, една кесичка прашок за пециво и една кесичка ванилин шеќер. Се става да се пече, па откако ќе се излади се сече на коцки. Се прави и прелив со 5 лажици какао, една шолја вода и една шолја шеќер, прво за зоврие, па се додава и едно чоколадо за готвење. Се мрцкаат коцките во преливот, па потоа во кокос.
Во правоаголна тава, баш како коцки испаднаа, можеш и во поголем плех, ама така пандишпанот ќе биде потенок.
Тортава ја правев од памет но префкусна беше. Пандишпаните се купени. 1 фил е од 2 пудинзи од ванила 1.5 чоколада бела и пола литар млеко. 2 фил е од 2 пудинзи од чоколадо 1.5 чоколадо и 1 литар млеко 3 фил е од 2 пудинзи од чоколадо 1 чоколадо , 1 наполитанка мелена и пола литар млеко. Чоколадите ги рендав во пудинзите
Превкусно изгледа, кога имаш време те молам пиши ми рецепта за двете јадења. И дај ми хинт за бешамелот, секогаш ми излегува некако пре мрсен :/ Oo во друга тема, требаше да иде прашањево
Првото јадење. Исецкав на ситни коцки 4 компири. И ги ставив најдолу во тавата. Во тавче попржив една главица кромид и 3 чешнина лук па додадов 500 гр мелено месо. Пржев додека порумени месото потоа додадов 500 гр доматен сос и околу 300 мл вода и оставив на тивко да се крчка додека испари водата. Сосот го истурив во тавата над компирите. И печев во релна додека компирите се готови. Во меѓувреме го подготвив бешамелот. Во тавче ставив масло од око да се загрее, ставив лажица ипол (супена) брашно и постојано мешав додека порумени брашното, додадов околу 600-700 мл млеко и постојано мешав додека се згасне бешамелот. Го истурив во тавата над болоњезето и вратив во релна додека порумени убаво од горе. Зачини по желба. Превкусно беше. Второто јадење. Печурки од тегла околу 500 гр и 3-4 црвени пиперки се сецкаат и се ставаат во тава а од горе се става месото ( јас го купив готово зачинето и маринирано) се полива со пиво 500 мл и околу 200-300 мл вода, се завиткува тавата со фолија ( фолијата ќе ја издупиш со чечкалица) и во релна да се крчка на тивко. Потоа вадиш фолијата за месото да фати корка. Ќе гледаш да не изврија течноста, така е повкусно.
@TutiFuti по овој рецепт одев. Само јас некои работи не ставив, кашкавал и компири. http://netpress.com.mk/recept-polneti-tikvicki-peceni-vo-rerna/
500 гр брашно 1 сув квасец Околу 100 мл млеко 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер И млака вода по потреба. Се заменува тесто и се остава на топло, убаво да скисни. И се прават мекици па се пржат во врел зејтин. Јас скршив и едно јајце ама немора. И само со вода да ги направиш бев млеко нема да згрешиш. Важно е на топло да киснат. Ја вклучив релната на 50 степени и го оставив внатре тестото на топло.