Сокчето е цедено на ел.цедалка портокал и лимон разредено со малку вода. Правиш ќофтиња, смеса со м.месо л.трошки, едно јајце, кромид и зачини по желба.. Се пржат. Настрана се става 500 гр вода да зоврие со една коцка за супа, па 500 гр д.пире тоа проврива исто со зачини по желба, на крај се додаваат пржените ќофтиња и зејтинот во сосот. Се крчка. И воала Можеш и со леб да јадеш и со макарони Кога како си расположена
1 кг брашно 1 квасец 1 мало лажиче сол 5 големи лажици шеќер 200 мл млеко 2 јајца Вода по потреба Квасецот го растворам во вода и шеќерот па ги турам во брашното исто солта, млекото и јајцата ( жолчка оставам за од горе) и си турам млака вода по потреба. Се меси меко тесто и се остава да кисни. На маса развлекувам кора и ја мачкам со мармалад и ја витакам како ролат. Оставам да постои 15 мин и печам. За овие штрудли ми требаше 2.5 кг брашно. Да се редактирам заборавив да пишам. 3 јаболка ги сецкам на ситно и ги ставам во тенџере на оган и му додавам цимет и кокос и мешам додека пуштат сок ( ако имаш мед можеш да ставиш ќе биди многу поубаво, јас немав и не ставив). Ова ми беше фил за 2 штрудли.
За пандишпанот: 5 јајца 11 големи лажици шеќер 11 големи лажици брашно 1 пециво Пола финџал масло И сето тоа да се испече Откако ќе се олади цел пандишпан одозгора може да се стави излупени парценца праски кајсии или цели јагоди Над нив одозгора се ставаат сварени три пудинзи или од ванила или кокос тие да се сварат во 1 и пол литар вода (за да е стаклесто за да се гледа овошјето ) или во 1 литар вода измешано со пола литар млеко. Пудингот се засладува по желба. Кога ќе се свари жежок се турива над овошјето. Кога добро ќе се излади се става избиена слатка павлака и се става во фрижидер да се олади. Многу е убава освежителна, лесно се прави и не е многу калорична. Се сече на големи коцки. Убав апетит. * Ако сакате да ви е поздраво и подетално во пандишпанот и пудингот ставив стевија наместо шеќер. Во пандишпанот наместо 11 лажици шеќер се става 6 лажици стевија, а пудингот се засладува со стевија по вкус. Повели. @f.girl
Може Нр мора коцка Можеш вегета и сол само и 500 гр вода 500 доматно пире Плус зачин Коцката е за шмек..
Домаќинки, оваа тема е предобра, само кој може и има време да бара по страници, испомешани рецепти,постови..штета
Секако Филџан леќа (за двајца) се вари, се сецка зеленчук по желба и се меша со варената леќа. Овој пат користев домати, бабура, кромид, морков, мало цвекло.. Полиено е со сок од една лимета, а од зачини има само розева сол и црн бибер. Одделно на тава со капак печам семки од тиква и диња, на ниска температура колку само да сменат боја, а потоа нив заедно со неколку искршени индиски ореви и малку сусам ги ставив во салатата.
Ќе пробам облаче, ама јас немам мерки, оти се од око правам. Многу време веќе месам/готвам и се ми е без рецепт . За ова тесто имам употребено околу 250-300 грама темно пченично брашно од цело зрно. Ако не можеш да најдеш такво, можеш да употребиш било кое интегрално брашно со мешање со обично бело брашно со сооднос 60:40 одприлика, или ако сакаш можеш и само со бело, само со ржано не сум пробала не знам. Значи 250-300 гр, баршно со околу 130-150 мл млака вода, 1. мало лажиче сув квасец, или обичен 1/3 коцка, 4-5 големи лажици масло (ако имаш маслиново поубаво). Се меси многу меко-лепливо тесто, значи не го вадиш на маса туку со лажица во вангла си бркаш,( би можело и со миксер со перките што се за тесто). Вака измешаното/замесеното тесто го покриваш со стреч фолија и го оставаш да одмори на топло, околу 40 мин, да нарасне. Можеш и со малку масло да го намачкаш од горе да не фати корка. После на набрашнета површина го размесуваш убаво и пошто тестото ќе ти лепи, ќе си додаваш брашно по малку ама пак ќе внимаваш да ти остане многу меко. И пак ќе го оставиш околу пола саат да одмори, покриено. За тоа време си сечкаш/приготвуваш намирници. На крај пак на набрашнета маса го развлекуваш тестото во форма на тавчето кое ќе го користиш. Тестото треба да ти биде многу меко. Ја протнуваш сукалката под развлеченото тесто и така го префрлуваш во тавчето обложено со хартија за печење.По потреба си го подразвлекуваш тестото со раца во тавчето. И натака си знаеш, си редиш се што ти е по желба за пицата. Јас пак ќе ја викнам @ZAHRA да ми каже како го прави сосот за макароните.
Сецкам бел лук јас ставам 4-5 чешниња,ако не сакаш да се чувствува повеќе вкусот стави помалку.Го пржам на маслиново масло малку потоа го додавам сецканиот спанаќ така малку оставам да се динста на тивок оган.Потоа додавам неутрална хопла ставам црн бибер,сол малку магданос и босилок околу 10 минути мешам и ги полевам макароните и одозгора ставам малку рендано сирење а можеш да го ставиш и во сосот кога го мешаш пред крај.Многу е вкусно можеш следен пат со брокула да пробаш истотака е многу вкусно само без сирење.Поздрав