Во оваа тема се објавуваат рецепти од темата ,,Фемина Инстаграм". Побарај рецепти за крилца во подфорумот ,,Рецепти". https://forum.femina.mk/forums/Рецепти.20/
Фала. Никојпат не ми текнало на спанаќ како сос за паста. Јас ја обожавам комбинацијата лук, павлака и црн бибер + секој вид на зеленчук што може да се стави . Па ова мора да се проба многу скоро . Со брокула сум правела многу пати и секој пат си ставам и кашкавал, А оти без сирење? Да не е штетна комбинацијата или?
Не сум пробала сирење со брокула со кашкавал да,затоа ти пишав "само без сирење",пробај може ќе е вкусно
@vitamina без некој посебен рецепт. Малите макарончиња ги сварив и чекав да се оладат. Во меѓувреме исецкав шери домати, младо кромитче, црвена-жолта-зелена паприка, краставица, моцарела. Тиквињата ги исецкав на тенки резани и само напрскани со масло ги ставив во релна да се потпечат малку. Потоа се измешав заедно, малку масло и од кнор готовите зачини. Намерно одбегнав кремови/мајонези и слично за соединување на смесата. Да биде полесна за јадење на топлово.
Комбинирав 2 рецепти. Тестото го правев по овој: https://www.allrecipes.com/recipe/220996/easy-homemade-pie-crust/ За фил: 6 јаболки излупени и исечени на парчиња и попрскани со сок од лимон 2 лажици цимет 70г шеќер 70г кафеав шеќер 60г брашно Сите овие состојки се мешат во сад и се остава 1 час или повеќе дури да пуштат јаболките сок. Се сука долната кора и се става во садот, врз неа го истураме филот. Врз филот се става некое парченце путер. Ја сукаме горната кора и правиме декорации со кои се покрива филот. Се пече на 220с околу пола час.
Само пандишпаните јас ги печев оделно па затоа двата се бели бидејќи не ставив какао на пример за првиот ставив 3 јајца 3 л. Шеќер 2 л.брашно 3 л.ореви пециво и за втората исто а за третата плус какао. Филот како по рецептот само јас пак средниот фил малку го сменив некој по мое направив односно најпрво го направив целиот без даставам чоколадо потоа извадив дел а во останатото го додадов чоколадото. Ако ја пробаш да ми пишиш како ти испадна
@VedaG10 Готови принцес крофнички полнети со чоколаден мус.Ги наредив во тавка и со шлаг крем ги прелив.На крај рендана чоколада. За две минути работа,а изгледа како цел ден да си ги правел... Рецептот не е ништо посебно но моите ги обожаваат
Изгледа како шлаг,со нешто а не знаев што . Ни на крај памет дека се принцес крофнички . Добра идеја . Фала
Хумус со пасиран грашок. Хумусот предходно веќе направен, во него додадов само варен грашок и крупно го испасирав и измешав заедно со хумусот.