Облаче повели https://moirecepti.mk/post/милка-торта-2 Јас ја правев во 26 калап и смалив на 12 јајца и помалку шеќер и пак ми беше многу блага,иако пропорционално многу помалку шеќер од оригиналната рецепта има. Можеби требаше и на чоколадо да намалам. Ганаш не правев, корите ги премачкав со кока кола. Искрено не знам дали пак би ја правела, многу тешка на вкус ми е за во лето. А на мм и неговите колеги на работа многу им се допаднала. Претпоставувам до вкус е. Јас овошните повеќе ги сакам.
@Salome @iloveyou29 Брашното е 'ржано и интегрално пченично,нема бело брашно.300-400 грама брашно+1/2 пециво. Масло нема,но,за да не се лепат и за да бидат меки,1 шоља за кафе соино млеко и се замешува. За да не бидат многу густи може да се додаде дополнително ладна вода или кисела вода. Плус,по желба малце сол. Некогаш се оди и на варијанта 100% 'ржано брашно,користам германско,во жолта амбалажа,сега немав на лагер.Тие со 100% 'ржано брашно се уште повкусни,но проблемот со 100% 'ржано брашно без масло и јајце е дека во наредните денови(1-2) палачинките ќе бидат камен,затоа, доколку одите на варијанта 100% 'ржано брашно без масло и јајце,најдобро е да се направат и да бидат изедени веднаш. Добар апетит!
можи рецепт , превкусно изгледат , пробав еднаш едни , никако не успеав да ги напраам ми се разлеваа @eli25 куглоф ? домашно ?рецепттт
Па нема некој рецепт, секогаш по мое ги правам , варам компири, ги лупам и ги пасирам, рендам околу 100гр. кашкавал и го додавам во компирите, додавам сол, вегета, црн пипер, магдонос, смесата ја ставам во фрижидер да излади и да стани потврда (да не лепи на раце кога ги правиш топчината). Откако ќе излади, ја вадам од фрижидер и правам топчина. Потоа ги брбелам во јајце и во лебни трошки. Се пржат.
@Belgin1 Спојлер: Рецепт и подготовка? :) @Natali.3 Спојлер: Рецепт и подготовка? @*Ench@nted* Рецепт и подготовка за похованиот кромид ? Спојлер
Јас од око ги правам мерките 1 прашак 1 ванилин 2јајца Брашно од прилика 2 шољи за кафе Гриз (од прилика шоља за кафе) Шеќер 4/5 лупени рендани јаболки Зејтин од прилика 2 третини шоља за кафе Млеко 1шоља кафе Се ова се меша,како густа каша да стане, потечно, да не е ептен како тесто, затоа од око додавам се Се пече во намастена тава и се мачка со чоколадо и пол топено ја со зејтин го топам