Ја правев од око, немам точни мерки, се надевам ќе биде јасно објаснувањево. Пандишпан: ставив околу една чаша вода, две јајца, интегрално брашно по потреба, прашок за печиво, две лажици мед, ситно сечкани урми, 1 ред ситно сечкана црна чоколада (јас ставив чоколадо со 75% какао) и две лажици какао. Смесата да не е ни течна ни многу густа, воглавно како и за сите останати смеси за торти што ги правиме. За филот: 3 чаши вода, да зоврие водата па се додава гриз дури не згусне, 2 лажици какао, останатиот дел од црната чоколада, 2 лажици мед, урми сечкани и замрзнати вишни без семка. Се се меша заедно. Паковањето од сушените урми беше од 400гр, јас половина искористив. Тортата ја сечев на пола. Ставив половина од филот на првиот пандишпан, потоа другиот пандишпан и ја филував цела со останатиот фил. После час-два цела ќе е стегната и може да се сече. Здрава а вкусна варијанта. Урмите и медот ја прават блага, ако сакаш малку поблага може повеќе мед да ставиш или во филот плус еден ванилин шеќер или лажица кафеав шеќер. Ако одбегнуваш шеќер тогаш и вака е доволно слатка.
https://moirecepti.mk/post/ледени-коцки-2 Само јас пецивото го ставив цело и за да биде помека кората ставив по 5лажици вода и зејтин. Тавчето да не биде поголемо од 28 -30 бр. оти многу тенка ќе дојде.
@1209 Се замесува тесто од околу 600г брашно 2 јајца 100г шеќер 100г растопен маргарин 1 кесичка сув квасец 200 мл млако млеко Квасецот не го раствараш само го тураш и месиш. Кога ке го измесиш тестото се остава да нарасне. Се дели на 3 дела и се сукат 3 правоаголни кори за 3 ролати. Кората ја премачкуваш со нутела и моташ како ролат. Истото го правиш и со другите 2. Оставаш пак да нараснат. Се премачкуваат со јајце и се печат на 200 степени околу пола час.
@Beatris Се мати 500гр хопла како шлаг,се додаваат 2 кисели павлаки и 1 пакетче шеќер во прав, пак се мати. Потоа 500 гр мелени бисквити(јас плазма стсвив) и 500 гр малини смрзнати. Одозгора по желба (јас ставив шлаг крема од ванила).
Ги валкам во јајце, па во брашно помешано со сол и бибер и на крај во лебни трошки. Ги пржам во фритеза.
Може ли рецепт за мусаката изгледа многу сочно и што ставаш за да биде така ко црвена водичката долу?
Запржено кромидот, морковот, меленото месо, додадено зачин и црвен пипер ( затоа е црвенкава малку) , наредено и залиено со повеќе вода. Сочна е дека извадена е од рерна мусаката пред да изврие водата! Обична мусака, ништо специјално!
Вкусно изгледа! Те молам сподели го рецептот. Јас еднаш пробав супа од тиква да направам и испадна ептен блага.
@SV1911 рецептче за супата од тиква Главица кромид и чешне лук се продинстуваат на масло,па се додава околу 400 гр тиква сецкана на коцки.Се пропржува се заедно да омекне,неколку мин,се зачинува со сол,бибер,кари и коријандер,па се полева со 500 мл бујон од зеленчук(1коцка за супа). Се вари околу 15тина мин,па се блендира,и се се додава 200 гр полномасна павлака.. За веган верзија можеш да замениш кокосово млеко