@vitamina повели Варени ѓевречиња 1кг. брашно 500мл. млака вода 4 лажици масло 1-2 лажици сол Едно пециво Една кесичка сув квасец Од ова се меси тестото, па се сечи на делови, се прават топчиња и се обликуваат ѓевречињата. Настрана се загрева 1 литар вода да зоврие и во неа се редат ѓевречињата околу 30 секунди, се посипуваат со сусам и се редат во плех. Се печат на 180 степени околу 20-30 мин.
Ќе се замешам јас, ако не пречи. Ѓевречето го ставаш во водата, ќе потоне, а го вадиш кога ќе исплива на површината. Водата треба да врие, ама не јако да клокоти. Стави лажица мед/шеќер во неа, плус лажиче сода бикарбона.
Да секако Откако ќе ги обликуваш ѓевречињата ќе ставиш 1литар вода во тенџере и ќе почекаш да зоврие сосема малку да има меурчиња па ќе ја намалиш температурата. Потоа земаш едно и го редиш на лажица што е округла и има дупчиња за цедење, не знам дали има некое посебно име и го потопуваш ѓевречето заедно со лажицата( цело време стои на лажица) околу 30 секунди, колку само убаво да се наводени, нема некое варење.Потоа ги вадиш, па додека е уште на лажица и се цеди му ставаш сусам и директно потоа на омрсен плех. Се надевам сега е појасно. Во водата не ставив ништо за разлика од @Annath, но ти можеш да пробаш. Многу се крцкави и вкусни после печење, а потоа омекнуваат. Еве ја и лажицата.
@Purplelilac 250 гр сусам 250 гр лупен сончоглед 250 мл пиво 250 мл масло 2 пецива 1 лажичка сол И брашно по потреба ( околу 3 финџали големи) Се замесува смеса од сите состојки,се сучи кора и се ваѓаат калапчиња.Се ставаат на плех премачкан со маргарин или на хартија за печење. Печеме 20-ина минути на 200 степени. Само јас ги правев со пола доза бидејќи излегуваат многу со цела.
Сакам рецепт за сосот од печурки детално оти никогаш го немам погодено саглам а многу го сакам Рецепт може?
@vitamina Витаминче,сосот е од готовите на Кнор,само претходно запржив свежи шампињони(во со сосот има )но сепак ставам плус. Ставам по две кесички од него,додавам околу 700мл.вода(350мл.е на кесичка)и мешам да се изедначи.Не го чекам да де многу згусти,кога се подизлади ср згусне плус.. Инаку и јас пробував да направам сама сос(печурки запржам,малку брашно,млеко да се раствори,кисела павлака,зденка и зачини)не ми го баш обичаа Овој на кнор,погоден брз и нема многу маани наоѓање. Има го често во Лидл на акции,накупам повеќе и кротам Убав ден
@vitamina Погача со зачини 1 кг брашно 500 мл вода 1 квасец 1 филџан зејтин 1 лажиче сол 3 лажички шеќер Се замесува и се остава да стаса. Откако ќе стаса, се размесува многу тенко тесто и се премачкува со зејтин. Се ставаат сите зачини и се завиткува во долга ролна. Се сечат на парчиња и се редат завртени нагоре во замастена тепсија. Откако ќе се наредат, се оставаат да стасаат уште еднаш и се ставаат да се печат, премачкани со зејтин и сусам. 20 мин. на 200 степени. Од зачини јас ставам вегета, копар, чубрица, црвен пипер... Ова на сликите е направено од пола доза
@Val-Dim ќе може рецепт за колачот лиги ми претекоа а јас бремена кој ќе чека до утре за да го направам
Мислам дека не се оставаат да киснат. Само треба тестото да е помеко, па дури и малку лепливо. Одамна не сум правела гевречиња, не се сеќавам баш точно на процедурата. Иначе може да ги оставиш да се дуплираат откако ќе ги оформиш, пред да ги вариш.
1 коцка за супа, 1 пакетче супа, печурки од тегла, брокула, моркови и малку фиде. Се варам заедно. А и сол, црн бибер и маслиново масло ставив.