1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.180
    Се вари боранијата во вода без зачини и масло, потоа откако ќе се свари треба да се исцеди водата. Потоа на тавче се става малку масло (можеш и малку повеќе, се е до тоа како ти одговара) и се пржи исецкан кромид се додека не почнува да омекнува. Потоа се додава боранијата и се меша, па зачините - на свој вкус, јас користам микс на зачини (црн пипер, кафен кардамон, зелен кардамон, лук, цимет, ловоров лист, тмин и шафран, ама ова е предходно подготвен микс, од се по многу малку и плус микс зачини за vegetable curry) и доматната паста (обично не додавам, ама овој пат ставив и ми се допадна). Откако ќе се измеша сето ова ги оставам на 3-4 минути на тивок оган да се пржат и повремено промешувам. На крај додавам јајца и сол и мешам додека не се испржат јајцата и тоа е тоа.

    Кај нас се продаваат готови микс зачини, инаку не би се замарала самата да мешам и дробам зачини по дома, така да, стави такви какви тебе ти се свиѓаат. :)
     
    На gumicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.443
    Допаѓања:
    165.439
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 16 јули 2015
    На joy1, LivingGlam и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @theowndemon

    Еве да почнам од омлетот:

    2 јајца
    1 голема печурка (може и 2)
    малку маслиново масло
    зачини

    Јајцата се кршат во чинија на страна и се матат заедно со зачините. Јас ставив сол, бибер, малку мешан зачин и оригано. Инаку, ќе го направев и малку поинаку, ама брат ми е многу специфичен, па ограничена сум. Јас би додала, наместо оригано, сецкан магдонос. Ја исецкав печурката вертикално, ја запржив на тефлонско тавче на малку маслиново масло. Готвев на 2-ка (од 1 до 3 имам јачина на шпорет). Потоа ја распоредив печурката низ тавчето, го тргнав на страна и внимателно ги истурив разматените јајца со зачините во нив. Вратив на шпорет и на истата јачина оставив да се пече омлетот. Додека не се „засуши“ и од горе, не го превртував, за да не ми се растури. Останатото, како прилог, е дробено овчо сирење, домат, краставица и две лепчиња намачкани со мајонез (бидејќи, нели, машки оброк, па да биде што е можно покалоричен). Да имав дома, внатре, во преклопениот омлет ќе ставев едамер или гауда да се растопи, ама ете... На темава омлет може разни варијации да се прават. Вкусно би било со пиперка (блага или лута) наместо печурките, во комбинација со сиренце. :)


    Тортиљи

    За тортиљите, за тој што ќе реши дома да си ги направи:

    400 g брашно
    1 јајце
    70 g путер
    1 квасец
    1/2 пециво
    1 лажичка шеќер
    1 лажичка сол
    ~100 ml вода

    Прво нараснува квасецот (стандардно, имам објаснето повеќе пати низ рецептите).
    Потоа со остатокот од состојките се замесува тесто, вода е дадено колку оди, но нели секогаш зависи од брашното што го користите, па најдобро е од око, додека се замеси средно меко тесто. Откако ќе се замеси тестото, се завиткува во проѕирна фолија и се остава во фрижидер да „одмори“ (патем и ќе си порасне). Потоа, се расукуваат тенки кори и се печат на подмачкано тавче за палачинки (тефлонско, јас го подмачкував со една капка маслиново масло, која ја распоредувам со кујнски брисач). Излегуваат минимум 10-ина тортиљи (мислам и повеќе).

    Додека тестото отстојува во фрижидер, вие може да си го подготвувате полнењето за тортиљите.
    (Друга опција е да си купите готови тортиљи, ама јас сакам да си ги спремам по дома)

    За полнењето е потребно:

    ~700 g пилешки стек
    ~200 g печурки
    1 кромид
    1 пиперка
    1 морков
    сецкан магдонос
    1 поголем домат, лупен и исецкан на парчиња

    Прво стекот се сецка на средно големи парчиња и се зачинува (му ставам сол и бибер, а може и црвен пипер/кари, по вкус и по желба). Се динста. Откако ќе испари течноста, се тргаат на страна парченцата месо и се сецкаат на помали коцки. Ова е вака, зашто ако од старт се динстаат помали парчиња, многу сув ќе биде стекот.

    Потоа, на малку маслиново масло се динстаат кромидот, пиперката и морковот. Се ставаат заедно со месото во еден сад. Следно, се запржуваат печурките. А на крај се додаваат доматите и магодносот. Се пржат додека не испари водата. На крај сето тоа се меша и имате фил за тортиљите. :)

    Како ги печете тортиљите, така ставајте ги преклопени на половина (јас во преклопените ставав по некое парченце кашкавал, оптимално би било едамер или гауда, најубаво се топат), во една тепсија и покривајте ги, за да не се исушат. Кога ќе ги направите, полнете ги со филов.

    *Забелешка: полнењето можете да го правите по желба. Зошто да не, може да биде и само од зеленчуци, а може и наместо пилешки стек, да биде мисиркино месо или пак свинско. Имате безброј можности. Се јадат и ладни, само подгрејте ги во рерна или микробранова, со дополнително парченце кашкавал одозгора и мффф! :)

    Добар апетит и фалете се. :clap:
     
    На 1209, Annath, Winter Lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Еве рецепт ова торта е сладолед торта има само сладолед бисквитии и вишни ..
    Прво си си направив сладоледите еден по еден можеш со млеко можеш со водаа како сакаш значи 4 различни ми беа овдее еден од ванила, стратачела ,јагода и чоколаден. Со миксер си ги подготвуваш на еден сладолед 180-200 мл. млеко/вода (без разлика и така се убави , можеш да им ставиш по 2-3 лаж.шеќер ако не се доволно благи .
    И во плех си редиш бисквити прво можеш да ставиш оддолу на плехот мрсна хартија или било што мислиш дека нема да ти се залепат биквитите , јас во оваа торта прво го ставив од стратачела после пак бисквити , па од чоколада, бисквити , ванила и врз ванилата ставив вишни отстоени со 3 лаж.шеќер со се течноста што ја испуштаат и пак бисквити и за крај сладоледот од јагода .. ти можеш да си ги искомбинираш како сакаш јас стратачелата не ја сакам мн. така да веќе не ја ставам .. се замрзнува обично навечер ја правам па другиот ден е замрзната убаво незнам колку време и треба да се замрзне така ..
    Еве оваа овде ја правев со 2 сладоледи од ванила и еден од јагода page.jpg .. ја немам сликата во тел. лаптопот ми се расипа затоа јаставам целосна слика следен пат ке експериментирам со други сладоледи има од шумско , фстаци , карамела . праска разни комбинации можеш да направиш .. и ајдее доста бешее мн.зборови а пола саат работа дали има за правење .. :D
     
    На Annath и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    На Lady Phoenix и joy1 им се допаѓа ова.
  6. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    21.286
    @theowndemon еве го рецептот за топло-ладно колачот.
    200 гр. чоколадо за готвење се топат со 100 гр, маргарин.
    Во друг сад се матат 5 јајца со 200 гр. шеќер и 200 гр. брашно.
    Потоа заедно се соединуваат да се добие една смеса.Се печат на околу 200 степени, околу 10 минути,ќе си видиш самата колку им треба.Калапите прво ги премачкуваш со маргарин,а потоа ја ставаш смесата.
    Толку-едноставни се,а вкусни :)
    Американските палачинки ги правам по рецепт од фемина.Побарај го на страната каде што има рецепти,бидејќи го немам запишано.
    Поздрав
     
    На Annath и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    @theowndemon повели

    Полнети тиквички и пиперки

    Всушност и нема некој рецепт, не ги знам мерките, ама еве количинава на јадење е за нас тројца дома, со тоа што остана една порција.

    Се пропржува:
    сечкан кромид ((1 главица),
    2-3 моркови,
    300-500 гр.мелено месо ( во мојот случај јунешко),
    Се додаваат зачини: бибер, вегета, црвен пипер...
    Се додава и ориз ( еден филџан за кафе ( во мојот случај филџан од рио кафе :lol:)

    Се чистат пиперки, се лупат тиквички и се вади средниот дел со нож. Јас комплет ги вадам, до долу, значи имам отвор на двете страни од тиквичка. (Се пресекува тиквичка на два или три дела, колку сакаш, зависи од длабочината на садот во кој ќе ги печеш)
    Се полнат и тиквички и пиперки, отворите ги затвараш со компир (може и патлиџан, ама јас лично не сакам со патлиџан).
    Остатокот од филот истураш околу наредени пиперки и тиквички, се полива со вода колку да ги прекрие и се става во рерна.
    Едноставно е :)
     
    На Annath и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @theowndemon
    Кришки од каков било леб ( во мојов случај интегрален ) се мачкаат со путер.
    Ќе исецкаш на ливчиња свежи печурки и ќе ги наредиш преку путерот,
    Гауда, или било кој кашкавал, ставаш преку печурките.
    Се печат лепчињата на 200 Ц колку да се стопи кашкавалот.
    На крај јас зачинувам со лут буковец за шмек.
    Ете толку :lol: !
     
    На Winter Lady, Annath, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.443
    Допаѓања:
    165.439
    Пол:
    Женски
    можи рецепт?

    И најмн фала до @Lady Phoenix @Winter Lady @V.odolija @Sky-butterfly @Abrakadabra
    за почеток тората ќе ја прам па веројатно ќе продолжам со омлето со печурки, фала мн на сите ств :l: :l:
     
    На Lady Phoenix, Winter Lady и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  10. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    На Абракадабра лепчињата ке ги направам и јас , обожавам печурки и шампињони па ке видам што ке одберам , нема проблем @theowndemon ке чекам слика арно ме потсети да направам нешто а тоа ке биде тортата со нектарини на кјукли кога немам во фрижидер нешто правено некако сиромашно се осеќам :lol: , само купено да јадам :( не ми е тоа тоа , инаку @realGirl не ми даде рецепт за бајадерата .. и @Ginger^ за полнетите патлиџани :?:
     
    На kjukli и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.443
    Допаѓања:
    165.439
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady слика обавезно ќе ти пуштам штом го направам само да се натрам по жешково да одам во продавница :lol:
    @Someonespecial фала мн мн :l: :l: :l:
     
    На Winter Lady и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Аκо ти е близу аρно е аκо не е почеκај уште саат вρеме мн е жешκо , инаκу ρецептот од κуκла го има на пρетх стρана ме има означено видии го :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Повели :) дури сега видов дека си побарала рецепт :)
    http://moirecepti.mk/post/бајадера
     
    На Winter Lady и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @lovemme Ако може рецепт за полнетите компири со кашкавал :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    @galapce
    Ке може ли рецепт од посниот колач со Струмка :)
     
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    2 kafeni casi zejtin
    4 kafeni casi Strumka ili Gazoza
    4 kafeni casi seker
    8 kafeni casi brasno
    1 vanilens eker
    1 prasak za pecivo

    Se pece vo tavce broj 32,namrsen i nabrasnet.
    Prvo da se zagree rernata na 200 a potoa na 150-160.Okolu 40 do 50 minuti.Zavisi od rernata.
    Odozgora se posipuva so susam,zavisi od zelba.
     
    На irenna и referentka им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.596
  19. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    34.453
    Пол:
    Женски
    -1 тиквица
    -1 модар патлиџан
    - лукче колку сакаш
    - магдонос исто
    -оцет, сол, маслиново масло
    Тиквицата се сече на тркалца и се пржат. Потоа исто е и со модриот патлиџан, го сечеш на тркалца и го пржиш. Откако ќе се оладат, ги редиш во чинија подлабока за сад, едно тиквичка до едно тркалце модар патлиџан. Откако ќе го наредиш првиот ред, се става лукче, магдонос и маслиново масло. И потоа продолжуваш да редиш друг ред, и на секој ред се става лукче, магдонос и маслиново масло. И на крај откако ќе го завршиш, врз него се става оцет :)
     
    На Cka и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски