Да, секако Состојки : 250гр.брашно 150гр.шеќер 250мл.млеко 80мл.зејтин 1 ванила 1/2 прашок за пециво пола лажиче сода бикарбона 3( мали) лажици какао 1 јајце 100гр.кршено чоколадо(ставив и млечно и чоколадо за готвење) 150гр.вишни(ставив смрзнати малини, оти немав вишни) Подготовка: Изматете ги јајцето и шеќерот(матев со жица за матење), додајте ги ванилата, пецивото, содата и какаото и повторно изматете. Потоа полека додавајте ги млекото и зејтинот и на крај додадете го брашното. Се мати убаво да се добие хомогена смеса без грутчиња. Наполнете го намрсениот калап за мафини до пола и во секое додадете искршено чоколадо и вишни/малини/суво грозје. Потоа додадете ја останатата смеса за да се покрие чоколадото. Се пече во загреана рерна, 20 минути на 200 степени. Кога ќе се подизладат се вадат од калапот и се поросуваат со шеќер во прав.
Здраво, 1кг.брашно 1 коцка квасец 1/2л.млако млеко 2 филџани за кафе зејтин 2 јајца 1 мала лаж.шеќер 2 мали лаж.сол Најпрво во сад ги редиш сувите состојки,па другите.Со млакото млеко замесуваш тесто на средно(да не е ниту тврдо ниту премногу меко)и го оставаш да стаса покриено со кујнска крпа(некои ставаат фолии, затоа пишав крпа) Подобро е кога еднаш ќе стаса тестото,повторно да го измесиш и пак да го оставаш да стаса,но ако не ти се чека и еднаш е доволно Од тестото,си земеш дел и го расукуваш на набрашнета површина.Премачкуваш слој на путер,маргарин,што имаш и ставаш внатре што сакаш.Во случајот јас ставив сирење.Може и спанаќ,шунка,.....по твој избор. Таквата за печење убаво ја премачкуваш со путер или маргарин. Кофата завиткана во ролат ја сечеш на парчиња и ја редиш во тавата. На крај ја уклучуваш рерната на 200 степени и додека се загрева рерната погачката уште стасува. Пред да ја печеш,се премачкува со жолчка и се посипува со сусам..Кога убаво ќе порумени,се вади и со влажна кујнска крпа се покрива... Тоа е во глобала како иде постапката,ср надевам оти ме разбра.. Убав дрн
Фала ти многу! На средина ќе му дојдат крајчињата од ролатот, така? Или посебни замесуваш, како кифлиња па ги ставаш вертикално? Убава вечер!
@eli25 Сум те читала повеќе пати дека спремаш пица со интегрално тесто, па ако може рецепт да споделиш за тестото. Фала.
Галапче еднаш ти барав рецепт за оние округлите посни пици што често ги правам сега сакам од овие рецепт и постапка верувам вкусни ќе се.
@vitamina нема посебрн рецепт. Од тестото зс кифлички, редсм во земјена тава, тестото да излегува на надвор . Кога ке нсредам мастраФ ги свиткувам на внатре.
@Bubce38 по овој рецепт ја правам Може и свареното месо од експресниот потоа да се потпржи малку во обичното тенџере заедно со зеленчукот, па потоа да се дотури водата. Во чорбата на сликата има и тиквица, три врсти(црвена, жолта, зелена паприка), патлиџан, компир, млад/стар кромид. Месото ми е на многу ситни парчиња раздвоено а зеленчукот исто, на многу тенки ленти сецкан со едно кујнско препаратче(описов безвеза, ама ме сфати се надевам, не е со обично ноже)