Секако, превкусно е навистина. За пандишпан: 7 јајца 7 супени лажици шеќер 7 супени лажици брашно 1 пециво 2 супени лажици какао Се матат јајцата и шеќерот, се додаваат брашното, пецивото и какаото, се мати уште малку и се печи во плех 20 мин. на 200 степени. Шербет: 200 гр. Шеќер 200 мл. Вода Откако ќе се испечи пандишпанот, се полева со шербетот (да не биде многу превриен). Фил: 9 лажици брашно 12 лажици шеќер 200 мл. Млеко (ладно) + 400 мл. Млеко 1 Маргарин Брашното, шеќерот и 200 мл млеко се размешуваат со лажица како за пудинг, а 400 мл. млеко се става да зоврие и се истура во смесата за да се добие пудинг. Вака подготвениот фил треба да се излади, па во него се додава претходно изматениот маргарин и сето заедно дополнително се мати со миксер за да се соедини. Филот се мачка врз пандишпанот и одозгора се прелива со две растопени чоколада за готвење (200 гр).
Натурлих Се редат 3кори измеѓу попрскуваш со зејтин и мин.вода. Ставаш рендани јаболки 2-3на крајот од кората,посипуваш 2лаж.шеќер и 1лаж гриЗ.Виткаш у ролна.Ставаш на хартија за печење.Предходно тенко премачкуваш одозгора со зејтин се пече на 200'с посипуваш со ш.во прав. аааа и пред печење ќе ја исечеш
Се бланшира спанаќот, настрана се запржува кромид и морков и оризот се додава вода да се зготви оризот, па се заедно се меша во тавче и се полива со 2 јајца и пола мала павлака само да се запече. @bella.s за бирекот? Со готови кори е. Прво одоздола се ставаат две кори да висат краевите и потоа секоја кора се кине на ситни парчиња и се реди се полива со зејтин,к.вода и малку пециво настрана измешано . се реди фил п пак истата постапка и се затвора со корите чии краеви ги оставивме да висат на почетокот. Јас во два слоја фил го правев , пица бурек е
@Purplelilac Навистина е вкусно Повели рецепт Колач со вишни 4 јајца 2 шолји шеќер 1 шолја млеко 1 шолја масло 3 шолји брашно 1 ванила 1 пециво 300 гр вишни 1. Вишните се чистат од семките. 2. Јајцата и шеќерот се матат со миксер. 3. Потоа се додаваат останатите состојки (не и вишните) и се меша да се добие хомогена смеса 4. Се става во плехче подмачкано со зејтин и набрашнето. 5. Потоа одозгоре се редат вишните рамномерно и се пече. 6. Кога ќе се испече се остава да се излади се сече и се посипува со шеќер во прав. Јас вишните ги ставам да провријат неколку минути со 3 лажици шеќер. Го ставам колачот да се запече, по 5 мин печење го вадам ја истурам течноста ги распоредувам вишните и враќам пак на печење.
@orhideea Moze recept za солена торта со праз и биено сирење . Ako ne e problem pobrzo oti imam nekoj praz vo frizider, da mu najdam upotrebna vrednost dodeka ne popustil
@zalosna Мајка има ги запишано како Златка пупи Се прават со калап за тулумби Состојки: * 2 кесиња кокос * пола кг. маст ( замена може и маргарин) * 2 кафени чаши зејтин * 4 јајца * 2 пецива * 400 гр. шеќер во прав * 2 ванили и брашно по потреба - се замесува тестото на помеко и низ калап за тулумби се прават гасеници. Се печат кратко 15-20 минути додека не заруменат на 175 степени
Не сум многу брза. 3-4 јајца ако се поголеми може 3 ако се помали 4, 1 чаша јогурт, пола чаша масло, 2 ипол чаши брашно, 1 пециво, рендано сирење чаша ипол ( зависи колку е солено) чаша ипол праз исецкан на ситно, ако немаш јогурт може и млеко. Чашата е од 200 мл. Прво јајцата се бијат па се додава јогуртот, маслото, брашното со пецивото ( можеш и малку сол но и не мора поради сирењето) па сирењето и празот. Се печи во подмачкан со масло или путер плех.
Овие ги правев со мој рецепт ,од око : Две коцки квасец Точно 700 мл млеко топло 2 шољи зејтин Сл шеќер Сл сол Адитив за тесто едно пакетче Пола шоља гриз ( или 3 лажици ) 2 белки( жолчките за мачкање ) И брашно ,околу 1,5 кг . Постапката стандард . Во млако млеко растопив квасецот , ги ставив сите состојки и замесив . Почекав да нарасне тестото и убаво го измесив . Одкако убаво стаса ги оформив кифлите и право на печење . Премачкани со жолчка , сусам многу и дебели парченца маргарин ,се разбира
Епа те тие што ги сликав ,број Плус уште 14 стави на список ,последните не ги сликав . И таа штрудлата е од истото тесто.