Не знам колку се познава , ама рачунај моите големки се . Не ми беа за пред човек , а едните ги полнев со кулен и зденки внатре ,па намерно така бабачки ги направив . Ако си ги правиш стандард големина , повеќе парчиња би требало да ти излезат
Многу малку квасец, зејтин, сол, млака вода и брашно по потреба да се замеси меко тесто. Јас ставив 600 гр брашно и поделив на 4 топчиња. Секое го измачкав со зејтин и оставив да постои 10тина минути. После ги растегнав, ги испрскав корите со зејтин, внатре фил по желба. Јас ставив урда и јајца. Се печат прво на 200 степени потоа намалив на 180. Време незнам точно, ќе видите кога е готово.
700 гр брашно 1 коцка квасец, 70 мл зејтин 1 гол лаж сол, 1 мала шеќерсе меси помеко тесто со 400 мл млака вода. Стасува, се дели на два дела еден поголем еден помал, се прават 7 топчиња од поголемото тесто се расукуваат мали корички се мачкаат со маргарин и се расукуваат една врз друга. Од помалото тесто 5 топчиња, иста постапка. Во плех 32, премачканнсо маргарин, се става претходно расуканата кора од 7 топчиња со тоа што да виси од плехот. Ставав фил блитва и урда, потоа се става помалата кора, се расукува како големина на плехот , кората што виси се мести како на сликата ( само мене не ми излезе убаво) . Се сече на коцки. ОдоГора парчиња маргарин и отстојува уште пола саат пред печење. Печев 45 ми. на 200 степени
@theowndemon дај сподели рецепт за овие чудесии, спанаќ не ми е по мерак ама ете и друг ти го пофалил може ќе ме бендиса
За смудито, зошто веднаш после мислењево е лајкот? Ставам околу рака- две миен спанаќ, пола банан, некогаш и поќе, зависи колку сакам да сум сита. Ставам две лајци овес, мало лајче лен, лајче павлака и јогурт по вкус. Денес зошто и брат ми сакаше, а тој е специфичен, ставив и мешана рака јаготки со вишни. Јас спанаќ во се ставам, така да не знам дали баш за ова праша. Исто често прам јајце со спанаќ, го пропржвам прво спанаќот со сол, пипер и кромид, и после матено јајце со кашкавал турам и толку е вкусно шо ми има вкус на малку понемрсен бурек со спанаќ и сирење.
Се меси тесто од 250 г путер (или свинска маст), 3 јајца, шолја шеќер (по твој избор големината, јас не ставам многу оти ги валкам во шеќер во прав), кора од еден лимон, ванилин шеќер ќесичка, прашок за пециво ќесичка, и брашно по потреба да се добие компактно тесто. Мене малку ми се лепеше, поровки ми се така. Се остава да одмори во фрижидер десетина минути, се расукува кора и се вадат форми. Се печат десетина минути на 180 степени во загреана рерна да останат бели.