Прво земи смеси тесто, омилено за солени кифлички, ама излистано само еднаш, сепак не се лиснати кифлички, ама да седат помеки. После се сука како правоаголник е сега вака, тие со салама цели кругчиња ги редевме со мајка ми надолго и после само се витка како ролат. Место да се сечи сако ролат ги сечевме малку подолги и накосо. Вртењето е исто и со другите само филојте се различни. Има еден со фил салама, еден со фил спанаќ и сирење други со фил спанаќ, сирење и павлака и трети со фил сирење. Не ги завиткнувавме многу пати, максимум еден слој плус од филот и испаѓаат многу меки и вкусни. Од горе се премачкани со масло. Ако сакаш ќе ти пишам и конкретното тесто шо користевме, само да стигнам дома еднаш.
@theowndemon ако не ти е тешко,пиши после рецепт за тестото. И кажи ми пред да го ставаш филот го премачкувате тестото се нешто? Маргарин?
Не се крофни, ќерка ми ги вика нешто што личи на пица Еве рецепт https://moirecepti.mk/post/пирош-перничиња
Руска салата со макарончина - 1 паковање мали макарончина (500гр) - 200гр. шунка (можи и повеќе) - 50гр. сирење бело - 7/8 кисели крастајчина (кај мене беа поголеми, ако се помали можи повеќе да ставиш) - Мајонез ( можи да се додај павлака наместо мајонез ) Макароните се варат, се цедат и се ставаат во поголем сад. Киселите крастајчина и шунката се сечат на ситни коцки и се додаваат во садот со макароните. Сирењето се ренда на поситната страна од рендето и тоа се додава во садот. Се додава мајонез (мајонез по вкус) и се меша. На здравје.
@referentka куцни ако сакаш рецепт од макароните со мелено месо. Баба ми ја правешњ таа манџа ама почина и не ми кажа конкретно како е.
https://moirecepti.mk/post/манџа-со-макарони Јас од овде го прочитав и така го нарпавив. Навистина е вкусно. Првапат ја правам. Ако ја правиш и ако нешто модифицираш, те молам пиши тука и тагни ме за да прочитам
Готови кори за фил 400гр урда 100 гр сирење 1 јајце сол бибер, зејтин од око, да се замасти убаво За преливање и премачкување Две чаши јогурт, чаша и пол млеко, пола чаша обична или кисела вода, 2/3 филџан зејтин 1 јајце пола прашак за пециво сол. се ова се мати зимаш една кора, ја премачкуваш убаво насекаде пообилно со ова со јогуртот и млекото, врз неа тураш друга кора, пак премаччуваш од ова, тураш уште една и на неа ставаш од филот со урда и сирење, убаво насекаде така јас како вртена пита ги редам, и кога ќе ја наредам, ја преливам со остатокот од тоа за премачкување со јогуртот и млекото, убаво насекаде, и турам сусам и печам на заграна рерна, и само што ќе ја ставам питата ја намалувам, на потивко печам, брзо фаќа кафено горе, нема вкус на загорено, али поруменува брзо некако многу е вкусна, мека како душа