Првиот рецепт, само многу е мек, мислам се сечат парчиња ама нешто не ми испадна и конкретно тортулето го наорајв со плус две стопени чоколади во тестото. Од горе му ставив и чоколаден крем.
https://moirecepti.mk/post/сникерс-коцкипосно Ова е рецептот, само наместо црно ставив бело чоколадо.
Рецепт ако може? Како ја подготвувате киноата? Баш вчера се мислев да купам, ама не знаев во што да ја ставам.
Исто како да вариш ориз, во сооднос 1:3. Водата ја мерам во истиот филџан во кој ја мерам и киноата. Јас сум малку тапа за мерки и вакви работи, па затоа ти објаснувам во детали. Готова е за 10-15 минути, станува проѕирна кога ќе се свари. Инаку, не е лошо прво да се одмие киноата и да се процеди, па да се стави да се вари. Знае да горчи, па не е лошо да се промие низ вода пред да се зготви. Вкусна е многу.
Јас 1:2 читав на нет и се така си ја варам. И во цедилка ја мијам под проточна вода така малку подолго. Ориз не сакам ама киноата ми е најверојатно омилено нешто од зрнава што се варат.
Пробав и така минатиот пат, не видов разлика искрено, иста беше. Битно да се свари убаво само. Превкусна е во секаква комбинација. Киноа и булгур ми се многу повкусни од ориз.
@Ketchup многу е simple супата од тиквички.На маслиново кратко продинстувам кромид,па ги додавам тиквичките(2мали) на исечени на коцки.По некоја минута динстање,налевам пола литар зеленчуков бујон(1 коцка за супа),плус оригано босилек и малку лукче во прав,и оставам 10тина мин со полузатворен капак да крчка на тивко.На крај пирирам со рачен миксер.Додадов павлака една лажица,и дава покремаста структура.Ако не се лажам,ти си веган,слободно изостави ја. Инаку,сите можни крем супи ги правам на овој начин,варираат +/- некои зачинки.Периодов ми се секојдневно на трпеза,и имам многу комбинации.Морков,брокула,тиква,карфиол,компир,батат,грашок,наут(предходно смекнат),црвена леќа... За киноата.Ја варам во сооднос 2:1,во солена вода,предходно промиена.Неутралноста на вкусот дава слобода за избор на безброј комбинации.Инаку често си правам микс киноа,булгур,и јачмен/пченица(цели зрна),и ја чувам така во сад и по 4/5 дена во фрижидер.Знам и за десерт да ја искористам,со сецкани ореви,урми,кокос и малку мед
@theowndemon Едно пакетче готово тесто за пита, една конзерва готово пире од тиква, 1 конзерва кондензирано млеко, 2 јајца. Се сука кора од тестото и се става во садот. Тиквата, кондензираното млеко и јајцата се матат со маталка да се соединат, се додава малку сол и цимет и се истура смесата во садот врз кората. Се пече на 210 степени 15 мин, па се намалува на 130 степени уште 45 мин. Многу е вкусно, ако си обожавател на тиква ко мене .
Ако е за баунти колачот, можам јас па нека ме корегира @Mr. Right , го гледав видеото што го постирал од рецептот, и иде вака. Се мешаат 300гр плазма или мелени бисквити и 200гр мелено ситно чоколадо. Во оваа сува смеса се додава постепено млеко (100мл) месејќи смеса, која треба да достигне структура на песок, и после се тапка во тепсија или на фолија. Филот се спрема со тоа што се ставаат 500мл млеко+100гр шеќер+80гр гриз, прво се мешаат, и после на шпорет да се зоврие, се додека не се свари убаво гризот и не се направи погуст фил. Откако ќе се направи солидна стрјуктура се додава 200гр кокос, се меша и се истура врз смесата-подлога од кекс и чоколадо, па се остава прво на собна тем а после во обичен фрижидер да се олади. За крај се спрема глазурата која е составена од 100гр чоколадо,100 мл хопла и 40 гр путер-маргарин, на тивко да се стопат, по што се прелива колачето. Се остава да се олади. Прашање до @Mr. Right e дали може во глазурата без хопла, зошто не ми се исплати да земам голема хопла за само 100 мл.... И дали имаш ти некоја измена направено, да ни посочиш Чекаме побрз одговор, вредни и брзи домаќинки сме
Дури сега видов. Извини. Рецептот ми е од женава која случајно ја најдов на Јутуб. Следи ја, како работи она така и ти и нема утка. Спојлер Јас не сакав да мењам и да ризикувам. И мене не ми се исплати зошто акнав 105 денари за 500мл хопла, а искористив само 100 и ене ја дреме сеа. Да ти ја дадам мојава? Побарај по маркетиве за помала литража може има.
Повели Мини, според овој се водев - само формата баш не ја погодив како на сликите. https://www.eatwell101.com/chocolate-dipped-shortbread-cookies