Друже јас веќе го направив колачето, сега се лади па ќе се сефтоса во одлично друштво. Иначе и јас ставив хопла, во КАМ начекав 1 од 500 мл блага хопла и 1 од 500мл солена хопла за 97 ден, акција ли е или редовно не знам ама ги знам кои се, ги користам, само сега во сет ги начекав.
Куглоф - 4 јајца - 4 филџани шеќер - 4 филџани брашно - 4 филџани вода - 1 пециво - 1 ванила - Пола филџан масло Јајцата се меша во сад, се додава шеќерот и повторно се меша, постепено се додава водата (топла) и на крај се додаваат брашното, маслото, пецивото и ванилата, сето се меша. Куглофот се подмачкува со масло и брашно и му се тура смесата, можи и хартија да се стави во куглофот. Спојлер Рецептот не е оргинал за куглоф, мој рецепт е . (Можи и во обично помало плехче како торта да ја испечиш.)
Бубче, првпат правам и не е по рецепт, ама мене ми беше превкусно. Земјеното тавче го намачкав со путер. После искршив две зденки, па размчкав неколку лажици крем сирење од Президент. После тоа ставив кравјо сирење на Здравје, го искршив на помали парчиња. Врз тоа неколку лажици доматен сос (јас имав домашен), малку оригано и на крај рендан кашкавал (ајдамер или гуда од КАМ, не сум сигурна, не ми стои во опаковка). Печев на 200 степени сѐ дури не се појавија меурчиња. На здравје
https://www.coolinarika.com/recept/nesquik-san-torta/ Фала, стварно е превкусна и лесна е за правење. Само јас филот го поделив на 3 дела, во едниот ставив ореви сецкани, во другиот бадеми, во третиот чоколадни наполитанки и лешници.
Искрено од 3 рецепти направив 1 Тесто, премачано со нутела како оваа рецепта: https://brzikolaci.com/kolaci/kolac-sa-orasima-i-vanila-kremom-2.html ние не сакаме мн благо затоа шеќер ставив помалку. Фил: 6 жолчки со 4 лажици шеќер, 2 пудинга од ванила се меша со 300 мл млеко. Се додава поолека во зовриено 700 мл млеко, и се меша со жица за да не се згрутне. Јас го тргнав од оган кога го додавав пудингот и мешав постојано, па потоа го ставив назад на шпоред на мн тивко да зоврие со постојано мешање. Кога ќе се излади се додава 200 гр путер/ маргарин претходно измиксиран. Потоа цела смеса се миксира за да се добие мазна смеса. И чоколаден прелив: https://tortekolaci.com/kolaci/kolac-monte/ е сега мене многу ми дојде оваа количина на чоколадо, па следен пат би направила пола доза убав, лесен и брз колач е
Зелник. - 1кг. брашно - 1 квасец - 1 пециво - шеќер (прстофат) - сол (прстофат) - 1 маргарин Се замесува тестото, се сука и се мачка маргаринот . Се преклопува тестото, се става во сад и се покрива со најло за да не се суши. Се остава да кисни во фрижидер неколку сати (3,4, колку повеќе стој во фрижидер, поубаво е тестото, како лиснато е). Потоа се вади од фрижидер се, дели на 2 дела. Едниот дел се ставав во тепсија, се реди кашкавал и шунка и со другиот дел се покрива. Одозгора се мачка со жолчка и се става сусам. Се печи.
Здраво на сите, не знам дали е соодветното прашањето за оваа тема, сакав да ве прашам дали досега има некој сам си има правено бадемово млеко, и ако да, колку време ви трае?