Еве го видеото од рецептот. 1литар млеко 130 гр брашно 150гр шеќер 35 гр какао 60 гр путер Од состојките се вари пудинг. Кога ќе се згусти се додава путерот и се меша додека да се растопи. Голем плех се посипува со похолема количина кокос. Врелата смеса се истура врз кокосот и се остава да се излади. Се мати шлаг,во видеово е од слатка павлака,може и од кесичка таков или хопла,каков имате. Се премачкува врз изладениот пудинг. Се сече и витка како на видеово. Многу лесно се прави и вкусно е.
@smooch @toogood повелете Потребни состојки за тестото: - Пола кг брашно - 250 мл. млака вода накај топла. - 100 мл. зејтин - 1 лажиче сол - 1 лажиче шеќер - 1 квасец. Потребни состојки за филот: - 1 салама ( рендана) - 2 кашкавала ( еден цел и половинка од другиот треба да се рендани) - печурки - солена хопла - кечап - магдонос Подготовка: Се меси тесто и се остава да стаса најмалку 2 часа.Откако ќе стаса се дели на три топки и од секоја посебно се сука кора. Во плех намачкан со зејтин се става едната кора и врз неа се премачкува кечап, се реди од саламата, од кашкавалот и се ставаат печурки.Втората кора се става врз ова и убаво се притиска да се призалепи убаво. Филот е истиот како на првата кора. Откако ќе се стави филот тогаш се става крајната т.е третата кора и врз неа само се става салама , парчиња кашкавал, солена хопла и магдонос. А, бидејќи секоја од корите ми излагаше нанадвор, тие ги свиткав ко на сликата што се. Се пече на 150 C°, ќе видите сами кога ќе е испечено ( зависи од шпоретот).
https://vitkigurman.com/domaci-susi-recept/ инаку, се додава и сос од соја доколку сакаш, користев scotti rice, не знам дали го има кај нас, но би требало
Фала ти!! Те вервам да знајш. :3 Многу сакам вакви колачи, особено ако се на база на лимон или портокал.