Посна торта со фил - 1 чаша брашно - 1 чаша шеќер - 1 чаша презла - 1 чаша вода (ладна) - 1 чаша масло (Се се мери со иста чаша) - 1 пециво - Малку сода - Кора од 3 рендани портокали - 3 големи јаболка рендани - 150 гр. ореви (може и лешници) мелени Целата смеса се меша и се става во подмачкан плех. Се печи. Одкако ќе се испечи торта се вади од рерна и се остава малку да одстои. ФИЛ: - 1 маргарин - 250 гр. шеќер во прав - 150 гр. ореви (лешници) мелени - 200 гр. бисквити мелени - Сок од 3 портокали Целата смеса се бие и се филова на претходно испеченото тесто. Одозгора на филот се ренда чоколадо или се посипува со мелени ореви, лешници. Добар апетит.
daveskitchen побарај на инстаграм го има детално целиот рецепт Ако не се снајдеш прати ми лп ке ти пуштам линк
Здравоо Шампињони,бели/кафени какви сакаш околу 200 гр,ги сечкаш грубо на ситно,и се динстаат на маслиново масло заедно со исечкано лукче.Откако ке ја испуштат целата течност и ке испари,се додава полна супена лажица путер,и исто толку брашно.На тивко мешаш постојано дур не стане како паста,само внимателно да не загори.Се зачинува со сол,бибер,и се налива претходно спремна зеленчукова коцка за супа(пола литар).Се остава да проврие некоја минута,па се додава павлака,со помрсна е повкусно.Во рецептот имаше лажица соја-сос,јас го изоставив дека не го сакам. Се надевам ме свати,ако не кажи ке ти пуштам линк од Пинтерест
Па немам посебна техника. Голем избор на зелчиња немам, па земам какво такво и го варам додека не омекне малку. 20 минути грубо да речам.После го разделувам на листови. Секој лист го полнам со зајрето. Зајрето ми е мелено, жив ориз, лукче, кромид, морков, чушка, зачини и сето тоа потпржено. Потоа ги виткам листовите и дотурам вода во тенџере/тава. Јас повеќе сакам во релна, па се пече/вари во неа. На крај само тргам капакот за да фати малку боја.
Одкако ќе биде готова, некогаш. ставам и жешко масло со малку црвен пипер, ја попарувам. Потоа ја враќам во исклучената релна да постои малку.