Може да прашам, што е тоа “кафеавото”, во десната чинија ги има повеќе. Нешто со киноа? Ќе може рецепт? Фала за одговорот.
Имам, мислиш прошло без да и побарам рецепт? 1/2 килограм кадаиф 1+1/2 чаша шеќер 300гр лешници 250гр путер Се растопува путерот и се меша со иситнет кадаиф, исецкани лешмици и шеќерот, се пече на 150 едно саат време со повремено мешање да се испече цело. Во меѓувреме се вари фил. 1+1/2 литар млеко 1 пакетче густин 1+1/2 чаша шеќер 1/2литар хопла Се вари фил од густинот со млеко и шеќер, се мати хоплата и се меша со изладениот фил. Се става пола смеса во тавче, се става филот, па уште другата половина од смесата од кадаифот. Нека отстои преку ноќ, најтешкиот дел, па сечете така поголемки парчиња оти ова е нај вкусниот десерт.
Кромид се запржува на малку масло, да почне да менува боја накај кафена и после се става малку вода. После се става морков, домати и зачини. Не ми текнува кои зачини ги ставав, секој пат правам различно, ама најкористените ги паметам, па ќе ги пишам тие: куркума, црн бибер не мелен, гарам масала, лук и кромид во прав, сушен коријандер.. после се става леќата и се вари, на крај се става сол и магдонос или млад кромид (или и двете). Брокулата е одделно варена ептен кратко, 1 минута во врела вода.
Лили 300 мл млеко,околу 1 кг брашно,2 јајца,1 лажица масло,1 лажица шеќер,1 лажица сол,1квасец и 1 пециво. Го ставам млекото да се замлачи,додавам шеќер,квасецот и една лажица брашно и чекам да надојде.Во меѓувреме во подлабок сад,маткам со вилушка 1 јајце и една белка,жолчката ја оставам настрана за премачкување,ставам смесата со најдојдениот квасец,1лажица сол,1пециво,1 лажица масло,промешувам и ставам од брашното и мешам со лажица,кога ќе видам дека има доволна гистина продолжувам со месење со рака.Го оставам тестото да одмори 15 мин.Го делам на 9 топчиња,од секое топче сучам кора колку еден тањир,секоја ја премачкувам со маргарин,а секоја на секоја втора и зарзават,Овој пат со праз ми беше.На последната најгорната ништо.И така направено го оставам да отстои 10-15 мин,Го земам прво притискам со прсти,па со. Сукало сучам кора.Потоа сечам ленти и едниот крај на лентата го вртам недесно,другиот налево и иде како спирала.Витакам,редам во плех,се кисне,премачкувам со јајце и сусам,и печам 20-30 мин на 200 степени. Наздравје.
@ines.h па и нема баш рецепт,сама си смислувам. Киноата ми е претходно сварена во солена вода,сооднос 2:1. Е сега,во тавче на малку масло ставив прво прокељот да се динста,па печурките по 3-4 мин,и морковот.Се ова заедно околу 5 мин се крчка.На крај ставив киноа,сол и бибер,уште мин-две промешав и готово.Си гарнирав со малку сечкани пекан ореви,и доматен сос со босилек
Зајрето си го спремав во вкус. Пржено мелено, зачини, кромит... Спремам смеса од 1 шолче масло, 3-4 шолчиња вода и квасец. Со оваа смеса ги прскам корите. За да делува вака слоевито ставам 4 кори доле, сите премачкани со смесата, па зајрето, па истуткани кори натопени во смесата. Не знам дали добро објаснив со зборов истуткани, ама буквално истуткани, да добијат округла форма,, и редам зависно од тоа колку кори имам во паковањето. Врз истутканите кори ставам повторно зајре, и горе уште четири кори. Секогаш, кога ги отпакувам корите, одделувам 4 кори за доле, 4 за горе и оставам сите останати за во средина, за туткање. Печам со хартија за печење, во округло тавче. Кога е готово го превртувам, така што долната страна кога се печел да дојде горе кога послужувам.