Повели Домашно слатко од јагоди Состојки: 1 кг. јагоди 1 кг. шеќер 1 лимон 1 лимонтус Подготовка: Јагодите се мијат и се чистат од рачките. Во сад со 150мл. вода се раствара лимонтусот, се зема дел од јагодите и се става во течноста да постојат 10сек. и ги вадиме. Истото го повторуваме со сите јагоди. Добро исцедените јагоди се полеваат со сок од еден лимон. Потоа во тенџере се става ред јагоди, ред шеќер. Се остава тенџерето да отстои една ноќ. До утрото јагодите пуштаат сок и се ставаат да се варат на јак оган. Ова слатко не се промешува, па затоа треба тенџерето да е доволно големо за да не може да претече. Наместо тоа, повремено се протресува додека се вари. Откако ќе се свари (од 15 до 20 мин.) се трга од оган, се отстранува пената, се покрива со влажна крпа и се оставаме да стои 15мин. За тоа време јагодите пуштат вода и затоа после 15 мин. слаткото се враќа уште 5 мин. на јак оган. Се повторува постапката со пената и се покрива со влажна крпа. Се остава да се излади, па потоа се собира во тегли.
Најобични палачинки се мила. Немам рецепт, јас палачинки како стигнам така и ги правам, немам мерки и чуда. Обично тесто со јајце, млеко, брашно, масло и малку шеќер, све се мучка и толку. Ако нешто сум утнала, кога ќе ја направам првата палачинка, дотурам ... вода, ако е густо, масло ако се лепи. Тавата не ја мачкам никогаш, зошто во тестото ставам масло.
И јас сакав да ја прашам зошто за десерти сум лаик...а мус би направила вака https://www.youtube.com/watch?v=RVsfvbZTBzU
Чоколаден мус Потребно: 30 гр. какао, 200 гр. чоколадо, 100мл. млеко, 100 гр. шеќер, се ова се затоплува додека се изедначи смесата, а потоа се остава да излади ( да не зоврие). Настрана се бие 300мл. павлака за шлаг и во неа се додава чоколадниот фил, па се полнат приготвените чаши. Најчесто во средината ставам некое слатко тесто претежно од малечки тортички или кршам дополнително чоколадо. Во оваа верзија тоа го сторив во средината за да не се гледа, па да изгледа само како фил .
Со мало закаснение да го споделам рецептот за БРОНХИ ТОРТА Го видов лани ма сајтот на Миња и од ко го пробав еднаш често ја правам и за пригоди и за онака http://www.minjina-kuhinjica.com/desert/torta/bronhi-snit-torta/ Тука е рецептот и постапката. *само уште прв пат ко ја правев забележав дека филот е некако течен со таа количина путер и уште одмс додадов дупла доза, значи еден цел од 250 гр. Пробајте нема да погрешите!
@Serafima да те прашам за чоколадниот мус, дали густината е добра за да се користи како фил за торта?
^ Мила мислам дека не е баш соодветен за фил за торта. Не е толку стабилен, за да би можел да ги издржи пандишпаните.
@Salome Секако дека може. 4 јајца 8 лажици шеќер 1 прашок за печиво 2 филџани млеко 1 и половина масло 10 лажици брашно и доколку има потреба стави уште 2 Се делат белките од жилчките и се поделува и шеќерот така што 4 лажици во белките 4 во жолчките. Откако шеќерот ке се растопи и двете ја добијат потребната густина ги соединуваш мешајќи со жица или лажица. После се додаваат останатите состојки и добро се промешува со жица за матење додека не се добие потребната смеса за пандишпан. Половина од тестото се истура во тепсија обложена со хартија а во другата половина се додаваат 2 лажици не многу полни какао и тоа се пече. Фил 2 чаши млеко 1 пудинг од ванила 4 лажици шеќер (не многу полни) Половина маргарин кристал 250 гр. таан алва Млекото со шеќерот да зоврие и се додава прашокот за пудинг растворен со малку вода. Со постојано мешање се држи на оган додека не згусне. Одкако ке оладит се додават маргаринот и се матит со миксер, со раце се дроби тааналвата и повторно со миксер да се соедини и не дојде кремасто. Филот се става во средина на тестата и малку за одозгора да се премачка целосно. 1 шлаг пена се мати со малку млеко(сигурно имаш правено ) и шарај по желба и 1 чоколадо топено на пареа со малку масло. Стварно е многу вкусна и лесна Ај со лесно и ако ја правиш прати абер каква била @Adina ej proverigo receptov dali e ist so toj so ti go pisav, mislam deka nesto kaj masloto pokje ti pisav tebe ama ne sum sigurna nemozam momentalno da prebaruvam...za sekoj slucaj imaj go i ovoj
Се разбира дека може. Колку пирошки сакаш, толку лепчиња ќе си спремиш. Користев: - леб исечен на парчиња од Жито Лукс - димено пилешко филе - кашкавал Edamer - јајца - презла или лебни трошки Земаш едно лепче (земав од тој исечениот зашто сите парчиња се еднакви), и го расукуваш на рамна површина додека не стане тенко за да може да се витка во ролат. Откако ќе си ги средиш сите лепчиња, им ставаш одозгора од пилешкото филе или друг сувомеснат производ по избор, врз тоа ставаш малку кашкавал и потоа едно по едно ги виткаш во ролат и ги зацврстуваш со чечкалици за да не се отворат. Во чинија на страна јајцата ги матиш а во друга чинија ставаш презла, и постапката е лесна. Прво ги потопуваш во јајце, па презла и на кратко пржење. И имаш готов ручек набрзинка, а вкусен прсти да излижеш. И воопшто не се познава дека се од леб направени пирошките, ама дефинитивно препорачувам да се јадат топли и по можност со тартар сос.
1 чоколадо 300гр шеќер 400гр брашно 350мл кисела вода 6 супени лажици зејтин 2кафени лажички сода бикарбона 1 цимет 1 пециво 2 ванили 5-6 супени лажици мармалад (највкусно е со мармалад од смокви,но доколку немаш таков можеш да ставиш било каков или пак слатко од смокви но да биде ситно сецкано Сите состојки се мешаат додека не се соединат. Оваа смеса е за тавичка бр 26 за да ти дојде и висината убава. Се пече во ззаграна релна прво на 250 степени околу 15 минути па уште 20 минути на 150-200. Откако ќе се испече одозгора се мачка тенок слој мармалад а врз него чоколадна глазура