1квасец да стаса со 1лаж.шеќер и 1лаж.брашно и 250мл.млако млеко. Потоа се додава 1кг брашно,1лаж.шеќер,1лаж.сол,100мл.зејтин,400мл.јогурт,1пециво и 2 јајца. Се става во најлонска кеса намрсена се врзува и одма става во фрижидер. Така може да стои неколку дена,вадиш по потреба и тогаш стасува на топло. Може и кифли,панцероти со истото да се прави. Јас правам пола,многу излегува од цела доза.
Фала ти многу А можеш да ми пишеш чашите колку гр. Беа ? Јас кога спремам нешто, мерам обавезно оти онака утнувам секогаш
1 cup индиски ореви ги полеваш со 3 cups зовриена вода и ги оставаш да отстојат 15 минути. Во меѓувреме сецкаш еден кромид средна големина и го додаваш во блендер со три чешниња лук, една лажичка рузмарин, една лажичка сол, една лажичка црн бибер, една лажичка сок од лимон, 3/4 cup вода и исцедените индиски ореви. Блендираш. Доколку немаш cups: 1 cup индиски ореви доаѓа околу 100 грама, 3 cups вода - 700 милилитри, 3/4 cup вода - 180 милилилитри. Бидејќи го правев за првпат, беше по овој рецепт. Но, следниот пат наместо 3, ќе ставам 2 чешниња лук бидејќи ептен на лук маваше и пола лажичка мелен црн бибер, наместо една цела. Другото беше таман.