@Dust кај тебе последно ги видов сирењаците, а и деновиве се изнагледав сирењаци од другите феминки, го барав рецептот тука во темава, ама не го најдов Ај help
Само 10 минути да одмори, правиш полжавчиња.. па пикаш сиренце, урда (напикај во средина нема да се растурат), па ги оставаш така да стасаат 1ипол час, поубаво ке се збие сиренцето така
Значи прво се оформуваат па стасуваат? Гледав едно видео со нив, таму стасуваа 45мин, на рецептов пишува саат ипол па не знаев колку да ги оставам
Да да прво оформуваш и ги оставаш да нараснат, па поливаш пола стопен путер и пола филџан масло (јас ги мачкам па остатокот го поливам врз нив). Печам на 180, јака ми е рерната, зависи од рерната...
Да.. Месиш.. Оставаш 10мин додека спремиш тавче и такви ситници формираш Оставаш да киснат Поливаш со путер и масло Печеш.. Јадеш како да е крај на светот П.С..денес ми се уште послатки од вчера хаха
Јас не дочекувам да се оладат и јадам Најслатки ми се додека се топли @anastasijaki ептен е лесно, нема утка. Ке ставиш 800гр брашно и остатокот ке видиш по потреба ке го додаваш, за да не ти испадне ептен тврдо тестото. Со секој рецепт така си правам... брашно може да се додаде, а вода/млеко од кога ке измесиш веќе не...
Цела тема има за ова..без офтопик во фемина инстаграм ќе ве молам Еве рецепт, неколку пати е пишан во темава
На дното ставив томатело со оригано, ред бело сирење, чедар кашкавал на ленти, па пак томатело, пак бело сирење, попрскав масло и најодозгора ставив мешан кашкавал на коцки. Печев на 200° додека не' фати коричка.
Јас два пати ги праев ама кило брашно ко малку ми беше, водлесто, не се замесуваше тесто и си додавав уште, ем то бааги повеќе. Да не праам нешто грешка, зошто гледам ти и со 800 грама почнуваш? Колку вкупно брашно ставаш?