Е јас да ве прашам нешто во врска со сарајлиите @mariz @mareane @Bubce38 и другите што ги правевте. Знам смешно ама да си прашам 1. На колку степени ги печевте? 2. Таа смеса од маргарин и масло за прелевање пред печење-се става веднаш откако ќе се растопи(топла) или се чека да се излади? 3. Се премачкуваат ли со јакца одозгора? Извинете на смотаните прашања ама морав
Јас на тивко го стопив (путер), малку се олади (некои 5мин) и додадов масло, па ги мачкав и на крај остатокот го истурав со лажичка околу и врз секое. Рерната јака ми е доста, па на 180 печев без вентилатор. Со јајца не се мачкаат..
Иако веќе Мариз ти одговорила ама еве и од мене сличен одговор.Ги прелеав со лажица со топла смеса од путер и масло Ги печев на 200 степени околу пола час може и помалку. А јајце не ставив згора.
Сите состојки се стават во сад и се замесуваат, кога ќе се замесат убаво тестото треба да биде меко и се дели на два дела, можиш да комбинираш во едниот дел можеш да ставиш или концентрат во боја или какао дека се трендафилки можеш црвена да ставиш а во другиот дел си останува, потоа двете дела ги делиш уште на пола малку се сука белиот дел ја земаш и другата топка од другиот дел во боја што е и ги сукаш една врз друга и кората ја правиш правоаголна, сечиш вертикално а лентичките што ги сечеш да бидат широки околу еден прст со ноже засекуваш малку на секоја лентичка за да искочи како ресички мали за кога ќе ја завиткаш да испадни како трендафил, пробај види изгледа малку комплицирано ама не се дека не си ги правела до сега, инаку се печат од 180-200 степено
Може 2 зрели банани 2 јајца 50гр растопен путер 100мл млеко Ставаш се во блендер да стане смеса еднолична. 350гр брашно (по желба) 1 пециво пола лажичка сода прстофат сол 100гр шеќер Мешаш сувите состојки со течните, додаваш зачини по желба или суви овошки, капки чоколадни, јатки... Печеш на 160 степени 40-45мин. Толку.