Оф мила рецептот е во фемина инстаграм рецепти А цаки нема само што ги вадам порано од печење колку да фатар коричка т.е маж ги гледаше ги боцкаше
Sakam da gi na pravam i jas sarajliite no malku se zbuniv vo receptot. Pisuva 4 lazicki maslo pa 1/2 fildzan maslo. Na nakvo maslo se misli na zejtin ili. .? @mariz @Dust ako Moze pomos
4л масло во месењето (во тестото), а пола филџан е за потурање од кога ке стасаат (измешано со путер или маргарин). Инаку да, обичен зејтин јас користам.
Ставам во тенџере, еден мал компир исецкан на ситно, 1 морков, брокула по желба, 1 чешне лук, една мала главица кромид, една рака фиде, една коцка за супа и едно пакетче супа и наливам вода се вари се заедно. Многу е вкусна. Ја јадам со цеден лимон. @vitamina прекрасно изгледа тортата може рецепт?
Секако 250мл зејтин 250мл пиво 200гр непечен лупен сончоглед 200гр сусам 2 пецива 1 лажичка сол Брашно по потреба - околу 3 шолји за чај Овој пат ставив и ленено семе плус, отприлика. Се мешаат сите состојки, и се замесува тестото. Со сукало се прави кора дебела околу 1цм и со калапи се вадат формите. Се редат во плех намачкан со путер. Се печат 20мин на 200 степени. Излегуваат 2 големи плехови и превкусни се
Пита со праз. 800 гр бташно 3 јајца(две жолчки и една белка во тесто а втората белка за одозгора) Шеќе Сол 2 пак сув квасец Топло млеко и млака вода за замесување 150 мл зејтин. Од горниве состојки се прави тесто. Немам точни мерки,секогаш додавам брашно за да го заситам тестото. Без да се чека да стаса тестото, се размесува убаво и се дели на два дела. Од двата дела се прават кори дебели 5 мм,се раз-сукуваат. Така истенчената кора се мачка со пола маргарин (другата половина на другата топка тесто).Јас маргаринот го топам во микро и го мачкам со четка. Ја виткам кората како ролат и така долгиот ролат го свиткувам како полжав. И со другото топче тесто исто постапуваме. Двата "полжави" ги оставаме во фриз да одморат 30 мин.За тоа време си правимр фил.Јас овде пржев праз. ... После 30 мин ги вадиме полжавите од фриз. На набрашнета површина со сукало го раз сукуваме полжавот ,големина на кората да е мааалку поголема од дното на тавчето.Се става во тавата. Па го ставаме филот. Вториот полжав го сукаме малу поголем круг и го ставаме врз филот,ама бидејќи е поголема кората малку правиме од неа набори и убаво ги виткаме крајчињата со долната кора. Озгоре ја ставаме белката која си ја оставивме на страна на почеток. Ја сечеме питата. Ја оставаме на собна Т да надојде. Се пече 30 мин на 220. Бидеќи тестото е како лиснато,ќе.нарасне и ќе се разлиста. Многу е вкусно. @dade123 @Mari* Повелете Вака долго напишано изледа зезнато можеби,ама уствари е многу едноставно.
Секако, еден од наједноставните рецепти што ги имам праено, а превкусно е. За пандишпан: 5 јајца 15 лажици шеќер 1 шолја за кафе (млако) млеко 1 шолја за кафе масло 15 лажици брашно 1 пециво За прелив: 25 лажици вода 15 лажици шеќер 3 лажици какао Да спомнам, лажици супени, не кафени. Најпрво се матат јајцата и шеќерот, па се додаваат млекото (претходно смлачено, но не да биде жешко), па зејтинот, брашното и пецивото, сето тоа постепено матејќи со миксер. Смесата се става во плех број 32 или 34 и се печи. За јачината не можам конкретно да кажам, зависи шпоретот, јас печам на 200, па намалувам на 180, а на послаб шпорет сум печела и на 250. Откако ќе се испечи, се насекува на коцки и додека отстојува десетина минути, го подготвуваш преливот. На средна температура во тенџере се ставаат водата, шеќерот и какаото промешувајќи постојано додека не зоврие. И на крај само го преливаш пандишпанот. Можеш да посипеш одозгора и кокос, јас немав во моментот дома. Не заборавај пред да го прелиеш да го насечеш за да може убаво да се потопи. Тоа е тоа. Преедноставно.
Може @orhideea рецептот е од една членка што има постирано за лења пита ама јас малку сменив во некои количини и супер испадна по мој вкус( не сакам преблаги работи). Се матат 5 јајца со 20 лажици шеќер, една шолја јогурт(250мл), пола шолја зејтин, 3 шолји брашно, 1-2 лажички пециво. Се истура пола од смесата во плех со хартија за печење,се пече околу 15 мин на 180 степени, па се става овошјето( јас ставив вишни од компот и замрзнати малини) и се истура вториот дел од смесата. Се пече уште пола саат на 180. Додека е топол се попрскува со шеќер во прав.