Проја 3 јајца 1 чаша јогурт 1 чаша кисела вода 1 чаша бело брашно 2 чаши пченкарно брашно 1 филџан масло 1 пециво Сирење, салама, спанаќ по желба се става. Најпрво се бијат јајцата со 1 лажичка сол и постепено се додаваат другите состојки на крај.
@EMMA EMILY Секако. Количината на состојките зависи од тоа за колку луѓе подготвуваш. Отприлика за 4ца: 5-6 главици кромид 8 јајца црвен пипер брашно вегета црн пипер сол масло Кромидот го сецкаш и го ставаш да се пржи. Откако ќе зарумене убаво се става една лажица црвен пипер, вегета, сол, црн пипер по вкус и се додава врела вода околу 2 кутлача. Се остава 1-2 минутки да зоврие па се истура во тепсија, додаваш уште вода да се залие убаво, размешуваш 2-3 лажици брашно во вода, го додаваш и него и се става во претходно загреана рерна да се запечи. Се печи 10тина минути, го вадиш, рамешуваш и ги додаваш јајцата (види слика во спојлер). Го враќаш во рерната да изврие и да се испечат јајцата и тадаам. Спојлер
Едно пакување путер, едно мало пакување кремсир и 4-5 лукчиња ситно сецкани, сецкан магдонос, сецкан власец и сецкан копар, се матиш со мискер и толку.
@oblace1 јас правам тесто за кифли потоа расукувам кора и мачкам кечап и ставам рендан кашкавал, рендана шунка, оригано и одозгора кога се свиткани поросувам сусам. Тесто за кифли го правам ова: 1,5кг.брашно, 3 јајца(ставам 1 цело и 2 белки а другите жолчки за премачкување) , 1 квасец (го стасувам со млака вода, брашно и 1лажица шеќер), 500-600мл. Млеко (стоплено, млако) , не цело филџанче зејтин, 2-3 лажички сол, прстофат шеќер. Замесувам тесто и оставам да стаса 1 час. Потоа расукувам кори и процедурата од горе Пред печење ги премачкувам со жолчка, поросувам сусам и ставам малку маргарин врз секое. П. С. Пробав и од расукана кора вадам со широка чаша кругови и одозгора ставам кечап, шунка, кашкавал, оригано и печам. П. С. 2 Објаснувањето ми е до детал, оти јас така барам од другите оти сум почетник во месење
Обичер рецепт за кифли 1кг брашно 500мл млеко 200мл зејтин 1к.к сол 1к.к шеќер 1коцка квасец или 2кесички сув квасец
Повели Само јас не ставив кашкавал, а спанаќот го пржев во путер плус лук http://nmd.mk/ova-e-najdobriot-retsept-za-pileshko-ke-vi-bide-zhal-shto-ne-ste-go-znaele-otporano/
@cresa-jagoda Еве го целиот рецепт на скриншотот, а исто ја имаш во хајлајтс на профилот на daveskitchen на инстаграм целата постапка низ слики. Лесни се за праење и превкусни.
Ги видов неодамна и твоите во темата, уште повеќе мерак добив да ги пробам. Јас прв пат ги праев и повкусни тортиља лепчиња немам јадено. Ги замотав само со лист марулка и сиренце, прсти излижав.