Месо од батаци е во случајов, го варам и го потпекувам со зачини по желба. Пред да го ставам да се пече го цепкам на ситни парченца.. Ако спремам со свинско го маринирам па го печам ...ама ретко спремам свинско баш поради тоа што некако повеќе време ми одзема.. Питите се купени од Бугарија, немам толку нерви за да ги правам ги ставам на тавче за палачинки (нелепливо) со малку од мрсното што пуштило месото да се потпечат по 1мин од секоја страна и ги редам... Најдолу ѕаѕики, кромид, домат, месо, малку сенф и кечап по желба.. некој сака и екстра кромид па од тоа дупло ставам Знам дека има апаратчиња за гиро ама додека го чекам да се врти за да се пече - не фала. Немам толку време јас
@shz во Кам маркетите има една готова смеса за правење мафини. Побрзо и полесно здравје,само се додава 2 јајца,125 мл масло и 100 мл вода.Многу се вкусни и нема утка
Нешто поќе од 200 грама брашно ставив (по рецепт е 200) зошто место 75, ставив околу 30тина грама какао зошто немав поќе. 200 грама гранулиран шеќер, две пакетчиња ванилин шеќер и пакетче и пол пециво се мешаат. Во засебен сад се мешаат водените состојки: 450мл млеко и 35 грама масло. Потоа водените состојки се тураат во сувите и се мешаат заедно да се соединат, ама не се мешаат претерано. Се печи на 250 степени, 30-40 минути. За од горе од око ставив чоколадо со путер и малку млеко во микровална и потурив и после само редев овошје.
@An-na Еве го имам пишано претходно. Само овај пат ми беше со урда и спанаќ и одозгора само со јајце премачкано без сусам.
Фала. Колку се широки лентите и колку е дебела кората? И откако ќе се направат лентите како спирали се редат во тавче како вртена пита, така?
@An-na кората дебела 1сантим отпилика,а за ширина колку сакаш можеш.Некогаш ги сечам пошироки некогш потесни 3-5 сантими. Првата ја вртам како полжав во тепсија, со останатите продолжувам.Да,како вртена пита
Ништо посебно, компилација од неколку рецепти. Ставив од око к.вода и зејтин, да проврие, па да олади. Ставаш кора, премачкуваш со зејтинот и водата, врз неа уште една кора, пак премачкуваш, третата исто. Врз третата нафрлав малинки, 2-3 лаж мелена плазма (може во замена презла) и шеќер, зависи дали и колку сакаш благо, во зависност од тоа и какви се малинките. Ролаш/моташ. Така се дури имаш кори. Редиш во замастен плех или на мрсна хартија. Премачкуваш горе корите/ролатите со зејтинот и водата. Печев 20-30 мин на 180 степени, да порумени. После печењето, пропрскав од горе малку со обична вода и покрив со крпа. Убаво да олади, на тераса На крај шекер во прав. Малинките дека пуштија течност, бидејќи ги одмрзнував, затоа така и сочно излезе. Може со вишни, јагоди, рендани јаболки... Готово за час. На здравје
@f.girl, @La.loca повелете https://365.com.mk/277233/koftina-od-leka-posno Mали измени: наместо средина од сув леб, јас му ставив пасирани компири (2, средна големина). На крајот малку ги измиксав со блендер, да не биде како каша, да се гледаат и зрната. Плус додадов сецкан целер. Соодноот е на сварените леќа, хељда (ориз). Добар апетит!