Касандра торта Прв пандишпан 5 белки 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 100 гр мелени ореви 1 пециво 1 ванилин шеќер Втор пандишпан 5 белки 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 100 гр рендана чоколада 1 пециво 1 ванилин шеќер Трет пандишпан 5 белки 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 100 гр кокос (мене ми излезе вака многу сув, треба помалку) 1 пециво 1 ванилин шеќер Сите се печат во тава бр.38 Фил 1 литар млеко се вари 10 лажици шеќер и со 5 пудинзи од ванила. Откако ќе се олади пудингот се мати со 250 гр путер или маргарин, 250 гр шеќер во прав и се додаваат постепено 15 жолчки. Потоа се дели на три дела и во едниот се ставаат 200 гр мелени ореви, во вториот дел 200 рендано чоколдао и во третиот 10 сецкани крембанани. Одозгора се филува со шлаг или во случајов јас ставив карамела за трилече. Повели @vitamina
Нема да зажалиш. Ако ти испадне сув пандишпанот со кокос, пред да го филуваш потури го со неколку лажици млака вода и нема да се забележи дека е сув. Превкусна е и количински излегува доста. Еве доказ Спојлер: Торта
@Poppins еве Само ја ставив лешници место ореви http://www.minjina-kuhinjica.com/posna-jela/posne-torte/plazma-torta/
Јас малку ќе се вмешам тука - сомнително ми изгледа составот и нутритивните вредности. Како може да нема воопшто протеини, 0,0 грама, кога први на листата состојки се печурките, а трети се соини протеини. Печурките имаат најмногу протеини во себе. Ако е точна нутритивната таблица, паштетава е воглавно растителни масти, зачин и засилувач на вкусот. Не верувам дека е баш здрава. (just my 2 cents)
@Poppins Навистина е превкусен, мек и сочен. 4 јајца 2 филџани шеќер 1 ванилин шеќер 1 филџан млеко 2 филџани масло 3 филџани брашно 1 пециво 1 рендана кора од лимон 2 лажици какао (Големината на филџан од оние што ги дават гратис од браво кафе , јас не ги полнев скроз, оставав отприлика еден прст празнина.) Ги матиш јајцата со шекерот и ванилиниот шеќер, додаваш млекото и маслото, матиш уште малку. Додаваш брашното со пецивото (нив ги матев на најслабо со миксер, но можеш и само со лажица да ги измешаш и на крај кората од лимон ја размешуваш. Истураш во калапот 2/3 од смесата, а во остатокот го додаваш какаото, го матиш со миксер за убаво да се соедини и го истураш одозгора. Печиш во претходно загреана рерна од 200 намалувајќи кон 170 степени отприлика 25 минути, потоа намалуваш на 150, па на 130, па на 100 и така на тивко да се печи уште некое време, зависи од рерната. Мене комплетното печење ми се собира 50-60 минути, па го исклучувам и го оставам уште 15-20 минути да се цеди во рерната. Го вадам од рерната, се подизладува, го вадам од калапот и тадаам. Извинете за опширното објаснување, пишувам како што јас би сакала да прочитам зошто не сум некој експерт во кујна, во почетна фаза на учење сум, па сакам се да ми е разглабено. За сите вас искусниве, скокајте ги ова реферативе за постапката на праење и печење. П.С. Некои кугловиот колач го печеле само 25-30 минути на појако и толку, ама јас секогаш ги печам на ваков начин и излегуваат премеки и пресочни. Ако има некој совет како најубаво се печи куглов, може да сподели. Мене овој начин ми е најиспраксан за да не ми остане внатре жив.
Искрено таа со печурки ја немам пробано затоа што печурки не јадам, другата ја пробав и имаше убав вкус. Исто и паштети не јадам одамна ама сега дека постам реков ќе ја пробам ми здосадуваат исти работи секој ден, а сигурно не е здрава како и секоја паштета.
@Poppins нешто како солена торта што ја правам често. Чашата е од 200 мл. 3 јајца, 1 чаша млеко или јогурт, половина чаша масло, 2 чаши брашно и 1 пециво и малку сол. Матам јајцата па ги додавам млекото и маслото, потоа брашното со пецивото. За фил овде јас ставив 200 гр спанаќ, еден мал страк праз и околу 150 гр сирење. Се ставаат од како ќе доматиш се па промешуваш со лажица. Ама може и друго по желба да си ставиш. Ја имам правено со кашкавал и салама, спанаќ и сирење, праз и сирење, маслинки, кулен... секако е убава. Ја печам во загреана релна на 250 потоа намалувам на 200. Ќе боцнеш со чечкалица и ќе видиш кога е готова.
2 јајца Чаша и пол јогурт Пола чаша зејтин Чаша палента Од око сирење брокула и морков. Печам на фолија помалку од 30 мин @vitamina
Спојлер: [QUOTE="DAngel, post: 4370322, member: 34819 Па никој не јаде паштета затоа што е здрава [/QUOTE] Па да, ако е посно не значи дека е здраво во овој случај. Јас само сакав да потенцирам на тоа дека не е баш логично да има печурки како главна состојка, а да има 0 грама протеини, а 22 грама масти. Бидејќи печурките се високо протеинска храна А за тоа дека се вкусни е благодарение на Е621 и зачините."] Се извинувам за офтопикот.
Види го прикачениот фајл 485394 @vitamina рецепт за макалото со везени пиперки немам... Се си ставам „од око“ Се варат 5-6 големи компири и 20-тина везени пиперки. лути и благи, по желба. Во поголем сад со толчник се гмечи посолен лук, се додаваат сецкани варените пиперки и убаво се воедначива. Се отстрануваат лушпите од пиперките и се додава варениот компир. Се толчи, но не премногу, убаво е да остане некое грутче од компирите. За убаво да се воедначи смесата се додава зовриена вода ( не треба да биде пресуво) и се прелева со врел зејтин. Превкусно е, колку е полуто толку е поубаво... Нооо си бара мнооогу лебче за мацкање
Знам. Имам пиперки. Ја правам и јас ама гледам грешката ми е во пиперките дека ставам премалку па не ја осеќав толку вкусна затоа прашав Фала ти
Јас како посна паштета ги знам тие на GreenFood што се,вегетеријанските. Еве ги има овие три вкусови, мене ми се преубави.