-Посна торта- - 2/3 јаболка (поголеми) рендани - 100гр. гриз - 15 лажици брашно - 15 лажици шеќер - 100 гр. ореви сецкани (можи и повеќе) - 1 лажица сода бикарбона - 3 лажици масло - 17 лажици вода (ладна) Целата смеса се соединува и се меша со лажица. Смесата се тура во караванче број 30 (можи и 32) и се остава 1 сат да кисни. Откако ќе скисни 1 сат, се става да се печи. Шербет: - 700гр. шеќер - 500гр. вода - 3 ванили (се вари, да зоврија) Откако тортата ќе излади се става шербетот и тој треба да биде млак.
Морковите ги сецкам на листови, грашокот е смрзнат. Сецкам кромид тенки кругови и лук листови, ги пропржувам на путер и малку масло да не загори путерот, додавам посебно морковите посебно грашокот, во две тавчиња пржев. Убаво да се запржат па се додава пола коцка за супа и вода да се залее. Се динста додека испари водата и толку.
@TutiFuti Затворена пица За тесто: 500 гр брашно, 1 чаша млако млеко, 1 пакетче сув квасец, сол, 5 големи лажици масло и вода по потреба. Се замесува тесто и се остава да нарасни дупло. На набрашнета маса се развлекува тестото ( јас направив 2 пици од тоа тесто) до форма на круг и се полни по желба. Јас ставив кечап, кашкавал, шунка, печурки, сирење и оригано. Се преклопува пицата и убаво се притискаат краевите со раце за да не истече кечапот. Се пече во загреана релна.
Не сум видела дека си ме тагнала 3 јајца се матат со 1 филџан (за кафе) шеќер, се додава 1 филџан масло, 4 големи лажици мед, 1 мала лажичка цимет, кора рендана од еден лимон, едно пециво и брашно по потреба ( мене околу 1 кг ми беше потребно) се замесува тесто и веднаш се развлекува на намаслена површина. Кората да биде околу 1 цм дебела и се вадат со калапче форми или може со чаша. Не се остава тестото да одмара. Се печат во загреана релна на 200 степени на хартија за печење. Се остават убаво да се изладат потоа се лепат по две со мармалад по желба. Се растопува чоколадо со малку маргарин и се брцкат внатре слатките и веднаш се наросуваат со кокос или лешници мелени па во фрижидер. Колку повеќе стојат толку се помиризливи и повкусни. Инаку рецептот беше со 2 филџани шеќер но јас скратив на 1. И доволно благи беја и со 1 филџан но сепак тоа е по вкус.
И јас ги имам правено овие за првото забче, многу се убави а може и овие да се лепат со мармалад ама и како бисквити се убави.