orhideea, извини што доцнам, тортава е додуша експеримент, ама убава дојде! Пандишпан: -6 јајца -16 лажици шеќер (+ пакетче ванилин шеќер) се бијат убаво. Се додава: -16 лажици масло -16 лажици млака вода -16 лажици шеќер -1 пециво Се пече во плех. Е сега... може требаше на два пати да го печам, за да дојде потенок, но се снајдов. Краевите ако се посуви се отсекуваат и пандишпанот се сече на ленти отприлика околу 6 цм ширина, по цела должина. За потенок, секоја лента по пола од дебелината, од една да се добијат две потенки. Ги покрив со влажни крпи, за да може полесно да се виткаат. Крем: -1 литар млеко -3 пудунга од ванила. - 10 лажици шеќер (ова стандард постапка) Настрана се топи: -200 г бело чоколадо (Милка најдобро, сум пробала сличен крем со Нестле, не е тоа тоа. Можеш и за готвење, ама сепак Милка има подобар вкус ) -100-150 грама маргарин (отприлика го ставив) Кога пудингот ќе подолади, се додава стопеното чоколадо со маргаринот. Се бие со миксер до изедначување, па се филува на следен начин: една по една лента се премачкува со кремот, па се додава готов сос од малини, разнесен убаво со лажиче. Од првата лента се прави ролат и се става во средина на сад за торта или кружен плех со обрач. Со секоја лента се повторува премачкувањето (крем па сос од малини), а се надоврзува на ролатот, како полжав (или како вртена пита да дојде, се надевам добро објаснив). Одозгора премачкав со уште малку крем, па наредив малини(свежи) на цела површина и на крај со останатиот дел од кремот ја премачкав целата торта. За декорација, шлаг и рендано бело чоколадо и малини. Убава е лесна и освежителна. Добар апетит! Сосот од малини, отприлика за целата 1,5 шишенце.
Мислиш од околу преливот... стопен сладолед од банана е, во ресторан јадев, ама не е тешко да се направи ова и дома. Ти треба мало тефлонско тавче, правиш смеса за палачинки ама американски не тенки француски, и 3 палачинки мачкаш со нутела, преливаш со глазура од бело чоколадо, ставаш јајце одозгора киндер и поросуваш со мелени бисквити и од страна ставаш топка сладолед. И после мериш шеќер и паѓаш у шеќерна кома
За палачинките знам, сум правела милион пати. За преливот ме интересираше.. Штом е во ресторан треба да ја префрлам сликата во Поинаков фемина инстаграм Ќе те молам да пишеш локација и назив на локалот за да ја префелам. И читни ги правилата во темите Имај убв ден
Филот е со 9 жолчки,4 лаж шекер,две ванили,4 лаж брашно и млеко(2,5 децилитри).Матиш и ставаш на пареа да добие густина.Откако ке се олади додаваш изматен маргарин(250гр). пандишпанот е готов Немав време да печам.Ако сакаш можеш сама да си направиш по желба и редиш ред кора ред фил ред овошје на крај само поминав со слатка павлака и украсив @Feminka22 еве
Јас сум готвач од око што прави. Не мерам грамажа, отприлика ја правам. Со една шоља мерам, таа ми е мерка, околу 200гр 3 јајца матам. Додавам шоља јогурт, шоља кисела вода, шоља зејтин(малце попразна) Шоља пченкарно, шоља бело брашно и едно пециво. Со лажица мешам да се соедини. Ставам сирење, шунка(и/или)морков, кисели краставички) Сусам одгоре и печам дур да добие боја. Не ми испаѓа сува.
Ова е Царско јадење, Јагнешки бут со печурки, компири, лук, кромид и плус некои додатоци. Одличен избор ако сакате да се најадете убаво.
Ќе може рецепт? И процедурата како се виткани тие како цветови. Ич не ем бива за кифли, редно време е да се научам . Фала однапред