Nema problem veruvaj i jas mislev deka e filozofija nekoja ama koga go gledav receptov bas bese lesen .Poveli
Прво правам палачинки (јајца, млеко, брашно и малку маслиново масло) и ги пржам. Никогаш не мерам, ставам се од око, зависи колку палачинки сакаш да излезат. Смесата за полнење е: сецкан кашкавал, сецкана шунка, сирење, магдонос и павлака. Се полнат палачинките со смесата и се виткаат и се поховаат. Ги поховам така што со четка ги премачкувам со белка и ги валкам во лебни трошки и ги пржам.
@mareane според рецептов од Кулинарика го правев, со точни мерки и супер излезе https://www.coolinarika.com/recept/cizkejk-kao-iz-najbolje-slasticarne/
1 kg кори 600 gr ореви мелени 200 gr чоколада рендана 300 gr зејтин Шербет: 1 kg шеќер, 800 gr вода, 200 gr вода, 200 gr чоколада, 2-3 лажици какао.
@Poppins 0,5 кг Брашно од жито лукс за благи пецива 4 јајца 2 филџани млеко 2 филџани кисела вода 1/2 филџан зејтин 3 лажици шеќер во прав 1 прашок за пециво 1/2 кг смрзнати вишни, јагоди, капини или малини Белките ги двоиш од жолчките, ги матиш и додаваш млекото,зејтинот и киселата вода. Матејќи полека додаваш жолчките и го додаваш брашното постапно. Смесата треба да се згусне да биде како за проја т.е малце погуста од таа за палачинка. Ако е потечна, додаваш брашно (ако снемаш такво, додади обично, јас снемав и царевично додав и испадна жолтенокава малце, а ако ти е густо додавај кисела вода само).Шеќерот во прав заедно со прашокот за пециво ги додаваш, матиш и смесата ја ставаш во плехче, калапче или слично со хартија за печење одоздола. Замрзнатото овошје го ставаш одзгора и го распоредуваш убаво. Печеш на 180 степени и кога ќе нарасне и ќе се запече, го вадиш и одозгора со путер го премачкуваш да не се распука. Враќаш и ставаш на 220 степени уште 15 минути и кога веќе ќе закорави одозгора вадиш, ставаш текстил чист и на тераса да се олади. Се сервира со лажица од слатко од овошје што си го напраила а па и немора, јас сервирав коцка од пецивово со 1 смоква и шербет. Тоа е тоа
Еве го рецептот. Бидејќи кај нас нема соја, користев оризово млеко и додадов малку повеќе од тоа што пишува, бидејќи смесата првично ми испадна тврда и сува. На видеото не пишува на колку да ги пржиш крофните, но јас би ти препорачал на средна температура, за да ти се испржат подеднакво и однадвор, како и одвнатре.