1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.327
    Пол:
    Женски
    @zeka Ако може рецепт за тоа последно што го имаш објавено, мини пици да не се тоа? :D
    Изгледа превкусно!
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    @QweenSM може секако, повели рецепт :)

    Погача корона

    Состојки:
    300 мл млеко
    1 лажица шеќер
    1 лажица сол
    40 г свеж квасец
    100 мл масло
    200 ml вода
    75 g путер
    1 жолчка од јајце
    1 кг брашно

    Начин на подготовка:
    Во топло млеко ставаме квасец, додаваме шеќер и мешаме со дрвена лажица.
    Додаваме малку брашно, сол, вода, и речиси целото масло (освен 2 лажици) и се меша повторно.
    Постепено додаваме брашно и го месиме тестото.
    . Јас за месење потрошив околу 800 гр. брашно.

    Замесеното тесто го премачкуваме со остатокот масло, го месиме уште малку, па го оставаме тестото да кисне уште 30тина минути.
    Кога тестото ќе скисне го премесуваме.

    Останатата постапка на видеото е најдобро прикажана.


    Јас додадов плус тоа што внатре ставив салама, кашкавал, кечап и печурки.
     
    На Esmeralda-MD, QweenSM, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sweetgirl358

    sweetgirl358 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    642
    @Serafima рецепт за страчатела тортата? :inlove:
     
  4. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    @lovemme може рецепт?Што всушност е тоа ?Делува вкусно мн
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.948
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 16 август 2015
    На Esmeralda-MD, Annath, Abrakadabra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Повели мила :),

    Кора: 3 јајца, 10 лаж. шеќер, 6 лаж. млеко, 3 лаж. масло, 3 лаж. брашно, 3 лаж. презла, 1 лаж. сода бикарбона или прашок за пециво, 50 гр. коцки чоколадо (ситно сецкани).
    Фил: 500мл. млеко, 2 пак. пудинг од ванила, 200 гр. шеќер, 200 гр. бело чоколадо, 1 пак. желатин (+ малку вода), 300 мл. павлака за шлаг, 125 гр. путер, 200 гр. сец. црно чоколадо.
    Подготовка:
    За кората: најпрво се бијат јајцата со шеќерот, а потоа му се додава прво млекото и маслото. На крај се ставаат брашното, презлата, прашокот за пециво и чоколадото. Се пече во тркалезен плех бр. 26.
    За филот: Прво се прави пудингот и во жешкиот пудинг се става белата чоколада и желатинот кој претходно се става во малку вода да набабри. Се остава да излади.
    Потоа се бие со путерот.
    Во друг сад се бие павлаката цврсто и се става во избиениот фил од пудинг и путер, па зедно се бие се’. На крај се додаваат коцките чоколадо или рендано чоколадо (по желба), па се става во плехот во кој се печеше (на кој му се вадат страниците). Се остава да лади во фрижидер на неколку часа. На крај се украсува по желба со шлаг, чоколадо...

    [​IMG]
     
    На 1209, Abrakadabra, Mrs.Bass и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    @mims-89 На последната слика со шпагетитее со шо е сосот? :)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нешто ко бешамел, со млеко, павлака, шунка, топено сирење (зденка) ... Ако сакаш утре потсети ме да ти напишам точна рецепта. Превкусно е.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    Немој само да ме заборавиш, обавезно пиши ми рецепт :lol:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @Adi888 повели рецепт:
    Бешамел шпагети
    Потребни состојки:
    500гр шпагети
    200гр сланина или шунка
    700мл млеко
    6 лажици брашно
    100гр топено сирење
    1 лажичка сол
    босилек
    оригано
    1 малечка кисела павлака
    Се варат шпагетите, одкако ќе се сварат не ги миете туку само процедете ги и додавате малку маслиново масло и ги промешувате. Оставете ги така.
    Ситно исечкајте ја сланината или шунката и ставете ја во тенџере да се пржи на малку масло. Одкако ќе се испржи се додава 600мл од млекото, а во останатото млеко измешајте го брашното со маткалка. Додадете ги зачините и одкако ќе се повари малку тргнете го тенџерето од огин и полека додавајте го млекото со брашното постајно мешајќи. Кога сосот ќе се згусне додадете го топеното сирење или наместо тоа изрендајте кашкавал и промешајте да се растопи. На крај додадете ја павлаката и убаво измешајте да се соедини смесата.
    Ако има потреба вратете пак на оган, јас така направив зашто не ми се топеа зденките.
    Може да ставите врз шпагетите или да ги измешате шпагетите во сосот.
    Пријатно!
     
    На martine, t-sweet, Esmeralda-MD и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Може рецепт за кифличкиве @mims-89 ?(highfive) Многу сакам интегрални пецива, а овие ми изгледаат вкусни.

    Може и за интегралниве крофни рецепт @kjukli :clap: ?
     
  13. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    300gr belo brasno
    200gr integralno brasno
    pola kesicka suv kvasec
    100ml zejtin
    50gr sekjer
    i voda za zamesuvanje.. Go mesis da ne bide ni tvrdo ni meko.. Go pokrivas i otstojuva 15-20 min na potoplo. Koga kje narasne go premesuvas. Povtorno go ostavas da otstoi. Jas obicno tri pati go mesam testoto i posle tretiot pat go razvlekuvam so sukalka okolu 1 cm. So caski vadis krofni, mali, golemi. Gi stavas na carsav da narasnat pokrieni pola saat do 40 min. I gi przis vo vrel zejtin edno po edno vo malo lonce od 800ml.
     
    На Annath и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  14. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    fala @kjukli :bow: A integralno brasno kakvo koristis ?
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Od kam go kupuvam na Zito Altan e.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Малку доцнам, неможев од телефон.

    500гр бело брашно
    500гр интегрално брашно
    (или зависи колку количински сакаш да правиш)

    две чаши млака вода, една чаша зејтин (150-200мл обична шолја за чај, млеко)
    малку сол, малку шеќер, еден квасец - да отстои малку па се додава брашното заедно со семиња, јас ставив (семки од тиква, овесни снегулки, сончоглед, сусам, ленено семе) ...и се замесува тесто.
    Си ги формираш кифличките и одозгора стандарт, прво како топчиња па сукаш кора од која ќе ги формираш. Одозгора јајце изматено и јас ставив помешано ленено семе и интегрален сусам.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gumicka

    gumicka Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @kjukli може рецепт за модрите патлиџани на индиски начин... :) И за сосот секако.
     
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Секако :) Дозата е за еден модар патлиџан, односно за двајца.
    Најпрво го правиш сосот. Една павлака од 200 гр, толчено лукче и нане. Го ставаш во фрижидер.
    Матиш едно јајце со малку сол, ставаш 60 гр брашно, лажичка кари и ким, пола лажичка сув квасец, и 100 мл ладна вода и силно се мати со миксер да се добие смеса како за палачинки. Патлиџаните ги сечеш, ги валкаш во подготвената смеса и се пржат на врел зејтин. Ги пржиш од двете страни да заруменат и ги става на салфетка да го впие зејтинот. :)
     
    На Abrakadabra и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    @Serafima ќе може ли рецепта за десертот со аронија и јагода? Ептен убаво и розево ми изгледа.[​IMG]
     
    На kjukli, Candice.S, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.