@Bubce38 еве тука рецептот за суфлето ќе го ставам. На @mariz е инаку, имам еден куп нејзини во телефон Само да ти напоменам, пола доза правев од рецептов и цела тепсија наполнив. Со цела доза има војска да нараниш Првпат го правам инаку и одлично ми излезе Место сирење, можеш што сакаш внатре да ставиш. Ептен е ровко во средина, одлично е
Епа на некој од темата Инстаграм за бебешка/детска храна е. Се си мислев твој е Нема врска, убав е, јадеше и малава, така да и за деца е топ
Зашто не се направи фемина инстаграм и рецептите од фемима инстаграм во една група? Значи сликаш постираш и ставаш рецепт. Вака се бркаме кој како ќе се снајде
@marchi-cool добра ти е идејава Засега, ќе пишам тука Чоколадна торта Спојлер Во еден сад ставаме 2 шољи брашно, 2 лажици какао, прашак за пециво, 2 шољи шеќер Во друг 2 јајца, 2 шољи јогурт, 1 шоља масло. Матиме па соединуваме со сувите состојќи и печеме на 180 степени 20тина минути. Врз жешката торта налеваме 100 гр стопено чоколадо. * рецептов оригинал е без јајца, јас го 'збогатив'
https://www.crnobelo.com/hrana/rece...kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti @lovestoneddd @LoveHope повелете
За тесто: 120гр ладен путер исецкан на коцки 250гр брашно 1 јајце 2лаж шеќер Ванила или рум шеќер за арома (јас ставив рум шеќер) Се меси се заедно во масно тврдо тесто. Се витка во фолија и се остава пола саат во замрзнувач. Оладено серазвлекува на фолија или пек хартија и се става во калп за тарт. Се става врз тестото пек хартија и се полни со ориз (сув) Се пече на 200 15тина мин па се трга хартијата и се остававо врела рерна уште 1мин. За фил: 5 јајца (одделно белки од жолчки) 200гр чоколада растопена Рум шеќер или ванила (јас пак ставив рум шеќер) 6 лаж шеќер (3 во белки 3 во жолчки) Се бијат жолчките со шеќер и арома, се додава чоколадото оладено. Белките исто се бијат и полека се спојуваат во жолчките. Филот се сипува врз ладно тесто и се лади. Вака оладено се декорира со овошје или јатки по желба.
Јас се правам од око 1 канче кисело млеко Брашно (од прилика шоља до шоља и пол за чај) Палента од прилика мала шоља до шоља ии пол за кафе 1 прашок за пециво 2 јајца Сол Малку јогурт и малку млеко по пола шоља за кафе мада млеко и не мора Зејтин од око од прилика пола шоља за кафе Смесата да не е прегуста ни претечна затоа од око ја правам Во смесата можеш да додадеш што сакаш Рендан кашкавал шунка сирење тиквици спанаќ итн... Во намастена тепсија се, редии смесата и. Се наросува сусам и се пече дур не порумени. Брзо се пече Ептен лесно и вкусно за гости топ
Секако Смесата ја правев според рецепт од чоколаден пандишпан. Го следев тој рецепт но од око ставав состојки. Смесата треба да е со средна густина баш како за пандишпан. Пола чаша шеќер 1 лажица сода Пола лажичка сол 1 лажица екстрат од ванила или ванилин шеќер 3 лажици масло 1 лажица јаболков оцет Пола чаша вода или јогурт (јас измешав кисело млеко и вода бидејќи немав јогурт) 1 лажица какао Брашно по потреба (околку 1 чаша мислам е доволно) Калапите се премачкуваат со масло. Се става смесата, одозгора се нанесува овошјето. Се пече на 250 степени, кога ќе фатат кора се намалува на 150. Се печат околу 10, 15 минути, не им треба многу. Остави ги малку да оладат пред да ги извадиш од калапите, многу е меко тестото да не се распаднат.
Обично кога правам мафини да ,ставам и мали коцки чоколадо меѓутоа освен со банана со друго овошје не сум правела .Овие твоиве ептен ми фатија око
Даст, ќе може рецепта? Никогаш немам правено, а ми фати око. Одозгора само премачкуваш со дулсе де лече или некој крем се подготвува... Фала однапред