Јас често правам За тестото секогаш по овој рецепт https://moirecepti.mk/post/trilece-torta А најгоре ставам од тоа во тегличката ептен ми е вкусен инаку порано ставав купечки карамел..па после во бугарија најдов еден што се "правеше" ..полуготов И на крај го открив овој и се заљубив
@La.loca @LiliBoz Потребни состојки и подготовка: За тесто: - 10 белки, - 10 лаж.шеќер - 100 гр, потпечени и толчени ореви - 50 гр потпечени и толчени лешници. - 2 супени лаж.брашно Дур се матат белките со шеќерот, се печат оревите и лешниците и се толчат т.е сецкаат на покрупно. Откако ќе се измата белките, се додаваа оревите и лешниците и со миксерот ама не вклучен се мешаат , а потоа се додава и брашното мешајќи исто така без вкл. миксер. Се пече отприлика на 200°C, ама лично ка 5 мин на толку, а потоа намалувам. Зависи од шпоретот и од око ќе си видите кога е готова. За фил: -10 лажици шеќер - 10 жолчки - 2 супени лаж густин , а по потррба можр и малу повеќе - 250 гр маргарин - 250 гр шеќер во прав - 150гр потпечени и толчени лешници. - 1 шолја млеко Бидејќи филов треба да е и со бела едниот дел и црна чоколада др дел, ја не ни користев никаква чоколада. Жолчките се мата со шеќерот, се додава густинот без вкл миксер мешајќи. Млекото се затоплува и се додава у жолчките со густинот се мати и се става да се вари како пудинг. Се остава да се лади, а меѓувремено маргаринот се мати со шеќерот и потоа се додава филот со жолчките и се заедно се мати . Се додаваа на крај лешниците и се убоо се меша. Тортава е лесна за праење, а и лесна и убава за јадење, како сладолед торта.
Ау леле, фала што ме потсети Скроз заборавив на тоа. Еднаш направив дупла доза, ја филував. Сеа само вака , тоа одозгора е млечни чоколади топени со малу масло, слатка павлака и млеко. Секогаш чоколадо топим со слатка павлака дека ниту се крши при сечење ниту ништо, баш како фил е
@Dust колачот сакам вечер да го сплескам ама со цреши дека имам Па ме фати стрв за твоето браво @IronLady нугатот
Па мора со нишесте т.е густин за да ти излезе како пудинг, инаку ќе биде течност. А така не ќе можеш да го матиш со маргаринот,евентуално да имаш нешто слично ко густин па да ти излезе како пудинг поцврста смеса.
Мислев дека има шанси жочките сами да се згустат со млекото ама не би да ризикувам ќе купам па ќе направам
Не се згуснуваат дека поголема количина на млеко има, дури и со густинот не ми излагаше баш цврсто па додавав од густинот уште.
Витамина, а пудинг имаш? Можеш пола ќесичка на оваа количина млеко, па останатите состојки исто... само наместо маргарин би ставила путер. Супер ќе ти дојде.
По овој рецепт а овошје ставам што имам https://moirecepti.mk/post/колач-со-вишни Сори што касно враќам сега ја отворив темава Не. А тава каква имаш таква..ако е нелеплива подобро е. Ако е леплива....може попаметно е да ставиш хартија
Интересен рецептов @Dust , првпат гледам рецепт за колачов со јогурт во тестото Го имам правено по различни рецепти, некои биле со млеко, ама со јогурт ниеден. Баш ќе го пробам деновиве, ти си ми репер за вкусна храна, според сликите во ФИ, па ти верувам
Јас ваквите овошни колачи строго со јогурт ги правам. Евентуално кисело млеко,ама му ставам водичка нели. Нема споредба вкусот кога е направен со јогурт. Мене со благо млеко ич не ми е убав