Во мојот рецепт по кој најчесто го правам се става лимон (или кора од лимон) и убав излегува, ама морам да пробам со јогурт Јас ич не сум по благото, не ме бива баш, па затоа се чудам ко од Марс падната Повеќе по соленото сум
Јас сите колачи и кексови со јогурт ги правам, заменувам благо млеко со јогурт во рецептите. Поубави и помеки се.
Кори, кечап, кашкавал и шунка Го правев според овој рецепт, скроз исто (само пица наместо со месо), и испадна одличен: Значи прво од пакетчето кори ќе одвоиш 4. 2 ти се за одоздола, 2 за најгоре на крај. И почнуваш, редиш две кори (од одвоените), ставаш фил на цела површина и пропрскуваш со смеса од кисела вода и масло (50 мл масло со 400 мл к.вода). Потоа ставаш трета кора (од купот кори, одвоените си стојат настрана (ми рече детално, па детална сум ). На третата кора редиш фил, ама само од страните, не по цела кора, и пак пропрскуваш. Ги затвараш корите со краевите и почнуваш отпочеток, но сега со по една кора наместо првите две. Повторуваш се додека имаш кори, со тоа што на крај завршуваш со двете што ги одвоивме на почетокот. Се надевам јасна сум, ама изгледај го видеото и ќе видиш дека многу е едноставно
Посна торта е за денешниот празник 2 пудинга од чоколадо се варат со вода наместо со млеко во сооднос како на кесичката. Откако ќе се свари ставив еден маргарин кристал(може и помалку) и го оставив малку да се олади, потоа додадов издробени посни бисквиди количински колку сакате да ви е течно и суво овошје-јас ставив суво грозје може и желе да се стави. Смесата ја префрлив во кружен калап и во замрзнувач 1-2 часа За декорација свежи малини и стопена посна чоколада
@marchi-cool eве од мене повели : Се матат 4 белки со 8 лаж шекер ,се додава 6 лаж брашно и малку пециво.Се пече на 200 степени околу 15 мин. Додека е топла кората се прелива со 150мл.топло млеко па да се излади. За фил се варат 4 жолчки со 6 лаж шекер и со 6 лаж брашно во 500мл млеко додека се згуснат. Кога ке олади кремот се додава 200гр иматен маргарин. Врз кората се распоредуваат малините (околу 400 гр.а може и било кое овошје )па се истура целиот крем. Одозгора се матат 2 шлаг пена и декорација по желба .
@Cosmi Имаше еднаш одамна во -/+40 споделен рецепт за нешто како чоколаден колач што често го правиш дома мислам од coolinarika беше рецептот , можиш повторно да го споделиш