Рецептот за колач со кајсии: 3 јајца, 200мл јогурт, 100мл масло, и 150 гр кафеав шеќер се матат со маталка да стане густо. Додадов 1 ванилин шеќер и рендана кора од лимон. На страна, 220 гр брашно се мепа со 1 пециво. Се додава во течната смеса и мешаш добро. Во огноотпорно тавче се истура смесата, одозгора се става од џемот (јас претерав и ми паднал долу ) или ако имате свежо овошје, извалкајте го во гриз и наредете го. Печев 35 - 40 мин во рерна на 200°. Зависи од рерната, со чепкалка пробувајте кога ќе е готово. Уште топло се посипува со шеќер во прав. И се чека да се олади. Јас не чекав и се полакомив и се попарив.
Јас се извинувам што дури сега гледам Корпите за жал се купени.. неутрални се овие а има и солени.. Полнењето е чоколадо, малку хопла за да не е мн тврдо и ореви.. Ни требаше нешто ситно за да ја прошараме масата за сватовите а да не се бомбици пошо се ептен класика, па излегоа најинтересни меѓу останатите 10тина видови колачи
може сте објавиле рецепт од ова ама дека во друга тема многу листање ми е ако може ко ќе имаш време пушти рецепт во порака
2 јајца, 1чаша шеќер и 1 ванила се матат пенесто, да се растопи шеќерот. Се додава пола чаша зејтин, 1 чаша јогурт, 2 чаши брашно и пола пециво. Во тавче истураш, редиш овошје по желба, во моето има малини, праски и ананас. Превкусно. Е јас ставив помалку шеќер во дупла доза и го утнав тавчето, а оригиналниот рецепт е со вишни, ама немав.
Таман дојдов да ти барам рецепт овде. Многу убаво изгледа, ќе го модифицирам баш по мое и да видиме што ќе испадне.
Само не ставај во мало тавче, непечена на средина е така. Од искуство де. Иначе мека е, сочна и вкусна.
Така, така... јас во пошироко, за да ми испаднат повеќе и потенки парчиња, плус си замрзнувам и си имам десерт неколку недели. Забележав без шеќер не се креваат толку тестата, па мислам нема да се прелее вака. Ама ептен фенси ти изгледа и оти ти се прелева, така да, таман си.
Ќе ти пуштам у инбокс, зашо на англиски е, ама да знаеш тортава тек од четврти обид ми испаѓа. Заедно со на мајка ми пријателка од Австралија ја праевме, таа е маестро за такви тортички