Секако. Млеко и нескафе ајс размешуваш. Земаш плазма бисквиди или тие другите шпикоти беа ? Јас користев од нив, земаш натопуваш бисквидата у нескафето и редиш еден ред у круг, па ставаш хопла (претходно размутена) па ставаш сецкани јагоди, па пак натопени бисквиди пак шлаг па јагоди ј се така до посакувана висина и на крај целата ја измачкуваш со хопла ако ти остане ако не мутиш шлаг и од надвор декорираш како сакаш дали со чоколадо рендано или јагоди, ти како сакаш. Тортава наместо со јагоди може и со банани. Ако имаш кружно калапче, убаво е да ја правиш у него. Кога завршиш со "молерисување", тортата ја ставаш пола саат у замрзнивач да се стегне. Вадиш и ставаш у обичен фрижидер.
Преубави се стварно, многу вкусни. И најдобро од се’, не се чека да стасаат, за час се готови Рецептот е на @mariz инаку, еве скриншот: Јас пола доза правев, цела многу ми се виде. Еве мерки на Мариз за пола доза (две тепсии ми излегоа):
И цела да ја направиш, замрзни ги после пола. За 20,30сек во микро или 40мин надвор од фрижидер се одмрзмуваат и пак се совршено меки, па и помеки дури
Ако ,ако продолжи да ме убедуваш да ги направам и денес во срце вака ми останаа. Шала на страна ,дали пола ,дали цела доза обавезно ги правам
Можи ли со сув квасец ( и колку кесички , јас имам оној што е за 500гр брашно , или да земам за кило , ако се ок со сув ) И каков свеж квасец користите , до сеа не сум купувала И уште отрприлика да кажите на колку °C и колку време Стварно преубаво , превкусно изгледаат
Па сигурно може и сув. Јас обично се’ правам со сув квасец, ама сега земав свеж пошто го видов во маркет и ми текна, инаку со сув ќе правев Две ќесички стави, една малку е. Ако купуваш обичен, јас Диго земав за првпат и ок беше. Ги печев на 200 степени околу 15-20 мин, многу брзо се испекоа. На опција да кружи воздухот во рерна (ако имаш таква).
Ваљда за пола доза 2 суви ке ти требаат, за цела доза 4. Зашто за 1кг брашно обично оди еден квасец, а тука е повеќе.. на 1кг и 500гр одат две коцки, а една коцка е мислам за 1кг брашно. Не сум пробала со сув, ама ваљда ке се убави. За печење јас кога како, 180-200 на обично печење горе доле што грее, вентилатор ако пуштам ми се гаси греењето, нешто зезната ми е рерната. Свеж исто како Сексибејби, од Жито го зимам..
И јас го имам рецептов, се мислам викендот да ги направам кифливе Само кај @Sexybaby86 како да видов фил внатре дека имаат или грешка сум?
Мхм, дел ги правев со сирење и павлака, дел со пица фил, дека моево маже свилено е, не јаде празни теста