Ако можеш пиши ми рецепти...ммм сега стрв за се ме фати. А млада домаќинка рецепти баш не знае. Мора да се учи
Види го прикачениот фајл 522624 Се е многу едноставно... баш како за млади домаќинки Пекарски компир - се лупат компири, се сецкаат на покрупно, се зачинува со бибер, вегета и сол, се посипува со малку зејтин и се пече на пекарска хартија околу 45 минути Виенска шницла - месото се сече на тенки шницли, се посолува и „истенчува“ со чеканче за месо. Шницлите се валкаат во брашно, па во изматени јајца и на крај во презла. Се пржат во топло масло Пинџур - се печат пиперки и модар патлиџан, се лупат Во длабок сад се толчи лук, се додава модриот патлиџан и пиперките и убаво се иситнува со толчникот, Се додаваат сецкани свежи домати, се посолува и се попарува со зовриен зејтин
Кнедлите не ги правев дома ги купив готови од Алди. За сосот потребни се: 500г печурки, 1 кромид, 1 мала лажица брашно, половина мала лажица сол, малку црн бибер, 100 мл вода 1 чаша крем за готвење, малку магдонос и 1 голема лажица оцет. Печурките се сецкаат на ситно. Кромидот се сецка на коцки, во тавче се додава 40гр. путер и се заедно треба да се испржи. Потоа се додава и брашното. Со солта и со црниот бибер треба да се зачини. Потоа се додава водата и кремот. Тоа треба 10 мин. да се готви. На крај се додава магдоносот и оцедот. Се надевам ќе ти се допадне.