Уф, во срце ме погоди со пирошчињава, се зажеле трудново Рецепт молам, да си го зачувам за после одмор да ги направам
Бидејќи е таква работава ,те канам да дојдеш ,да не чекаш после одмор А да ти кажам од обични палачинки ги правев ,ништо посебно.Малиов ми бараше палачинки ,па искористив и вакви да направам .Имам со пица фил и само со сирење ,така да повели
Фала на покана, баш би сакала Да, сега кога загледав видов дека се од палачинки. Баш вкусно изгледаат, на здравје нека ви се
Бисквитите се натопуваат во капучино. Бел фил - 1l. млеко, 1 пакетче пудинг од ванила, 5 лажици нишесте, 6 лажици шеќер, се вари. Кога ќе се излади се додава 300ml. матена слатка павлака . Чоколаден фил - 200ml. слатка павлака со 150g. топено чоколадо. Најгоре се става топено чоколадо и шлаг. Ред бисквити, ред фил, во 4 реда по 20 бисквити. Се надевам јасно напишав.
Се ми е ставано од око состојки,така да мерки неможам точно да ти кажам. Пандишпанот е од јајца,шеќер,ванила,мелени ореви,брашно и пециво. Белиот дел е матена слатка павлака со мелени лешници и ванила. Одозгора има бели и црни лушпи од чоколадо и чоколаден прелив. Вкусот многу потсека на страчатела.
4 јајца 1 маргарин 1 ванилин шеќер 1 пециво 800гр брашно 8 лаж шеќер Прво матам со миксер, колку дозволува сместа, после со рака промесувам. Топчиња со големина по желба и на тостер. Мојот нејадач ги бендиса.
Смеса од брашно, вода и сол, како за палачинки. Се прават на шпорет на дрва во голема бакарна тепсија. Од кога ќе ги направиш се зема една кора се премачкува со масло, па се мачка со смеса од јогурт и јајце па горе изварок. Така се редат една врз друга. Последната кора само со масло се премачкува. Имам пробано и во тава за палачинки, ама излегуваат мали корите и тешко се редат. Мерки точни нема.
1л млеко З пудинга ( со три го правам погусто да е) Бисквити 3банани Едно бело чок за готвење Пудингот го варам според упатството Кога ќе се свари му турам едно цело бело чок за готвење да се стопи во него Земам тепсија Ред бисквити врз нив пудинг и сецкана банана па пак бисквити пудинг банани... се лади да се стврдне Ептен лесно и вкусно
Запржуваш кромид на малку масло, кога ќе стане проѕирен го додаваш оризот (претходно промиен, го оставив да си кисне малку во вода), додаваш вода во сооднос со оризот 1:3 тоа стандард, зачини по избор и оставаш да си врие 10-12 минути (во зависност од јачината на шпоретот). Потоа се додава златната мешавина или зеленчук по избор, го покриваш со капак и се исклучува ринглата, само да си ја упие водата што останала, отприлика за 20тина до 30 минути. Клучната финта е да не се меша никако, за да се двојат зрната нели. Мене тука ми била грешката јас си мешав до бескрај па ми испаѓаше како сутлијаш. Вака е супер.
@Mishela Фала ти многу. Леле и јас еднаш така праев ориз со печурки, се скапав мешање, каша ми се стори.