@marchi-cool повели 8 белки се матат со 18 лаж.шеќер па се додава 200 гр.печени и сецкани кикирики,1 лаж.какао и се пече на хартија 30 мин.на 180 степени. Фил : 150гр.шеќер да врие со 50гр.вода и се додава 50гр.чоколадо ,1лаж.какао и да се згусне.1 маргарин се мати со 150гр.шеќер во прав ,8 жолчки и 300 гр.печени сецкани кикирики Одозгора се става глазура од 1 чоколада со 3 лаж.зејтин .
За солената торта најлесен рецепт и ултра брЗ Испечен сусам,тук крекери класик со сол,2 павлаки пола мајонез шунка и кашкавал. Се редат еден ред тук крекерите во тава за печење,одозгора смесата од павлака и мајонез и врз тоа шунката и кашкавалот. Се повторува постапката и на последниот ред крекери се премачкува со смесата и се декорира со сусам претходно пропржен или испечен. А ако не сте љубители на сусам може рендан кашкавал.
Рецептот ми е од тука, мислам дека беше од МамаситаБуена. За првиот слој: - 400г мелени бисквити; - 100г мелени ореви; - 100г бело чоколадо; - 100г путер; - малку млеко; Се топат путерот и белото чоколадо и се додаваат кон мелените бисквити и оревите. Се меша убаво и по потреба се додава по малку млеко за да замеси убаво смесата. За вториот слој: - 50г шеќер во прав; - 500мл слатка павлака; - 200г крем сирење; Се мати слатката павлака заедно со шеќерот. Откако ќе се добие цврста структура се додава крем сирењето и пак се мати. Потоа се нанесува врз првиот слој и се става во замрзнувач да се зацврсти. За третиот слој: - 100г шеќер; - 350г овошје по желба (овде има капини, малини и вишни, сум го правела и само со вишни или само со малини, сум додавала некогаш и боровинки, јагоди, рибизла секако е убав). Исто и количината на овошје можеш да си ја зголемиш, јас ставам по повеќе бидејќи тој слој ми е највкусен. - 1 пакетче желатин; Ги ставаш шеќерот и овошјето и вода колку да ги облие на оган да вријат. Откако ќе повријат некое време да се згусти малку шербетот го тргаш. Желатинот го полеваш со малку вода да набабри и потоа го додаваш кон овошјето. Чекаш убаво да се олади пред да го нанесеш врз вториот слој.
Од Кулинарика е, повели: https://www.coolinarika.com/recept/anin-kolac-s-visnjama/ Сум го правела безброј пати и нема грешка, само следи ги мерките точно (јас додуша кратам на шеќерот, многу ми е некако). Исто, вишни користам смрзнати на Фриком, најкисели се, а колачов “бара” кисела вишна. Рецептов вика вишни од компот, и сум пробала и така,ама многу се благи и не е тоа тоа. Количински да знаеш не излегува многу, но за нас дома со мм е доволно пошто бебка не јаде Ако ти е за гости, можеш слободно да ја удвоиш дозата
Обично секогаш користам на Хопла бидејќи прави убава цврста пена, но овојпат за првпат земав од таа од Кам и исто супер излезе. Халта розевата е катастрофа, се разводенува целата. Кремсир на АВЦ
Вака се прави зелниче во мое село (да не речам на мој начин) Се замесува тесто како за леб (немам мерка, зависи колкаво ќе ти биде тавчето) се остава да стаса околу 30 мин. Кога ќе биде надојдено, се дели на 5,6 топчиња, во зависност од големината на плехот. Со сукало а може и без се тегне кора нешто поголема како тие за кифли што правиме, се посипува со урда или сирење, се затвара по малку по краевите да не истече тоа што го има внатре и се замотува во ралат. Така со сите 5,6 топчиња, се редат едно до едно во круг и се оставаат пак да стасаат околу 30 мин. За тоа време се обарува спанаќ (јас го правам како манџа) се пржат/печат колбаси. Кога тестото ќе биде нараснато се става на се пече на 180-200°, зависи како печете и леб. Некаде на пола печење го додавате и спанаќот со колбасите и допечувате. Значи тоа внатре не мора да биде спанаќ, колбаси. Секој може да си става по вкус. Мајка ми ставаше праз и месо, пак било вкусно.
Не со ништо. Кого го вадам од печење, го попрскувам малку со вода за помеко да биде и убаво го задушувам со крпа и ќеса.
Повели. https://moirecepti.mk/post/колач-со-малини Јас го печев околу 45 минути, можеби дека во поинаков калап, но пола час беше малку за да се испечи убаво.
400гр. брашно 2 јајца 140гр. шеќер 150 гр. путер 2 мали лаж. пециво 300гр. нутела Се меша се' заедно, тестото не се соединува, останува како ронки. Во намрсено тавче (бр 26) се истура пола од смесата, другата половина се остава за одозгора. На средина се премачкува (во мојот случај со нутела) и се истура останатиот дел од смесата без да се притиска, истото важи и за долниот дел. Имаку, внатре можеда ставиш и мармалад или нешто друго по твој вкус. Се пече 30 мин. на 180°.