Смеса од брашно, вода и сол, како за палачинки. Се прават на шпорет на дрва во голема бакарна тепсија. Од кога ќе ги направиш се зема една кора се премачкува со масло, па се мачка со смеса од јогурт и јајце па горе изварок. Така се редат една врз друга. Последната кора само со масло се премачкува. Имам пробано и во тава за палачинки, ама излегуваат мали корите и тешко се редат. Мерки точни нема. кај нас се викаат питулици.
@f.girl рецепт за последниот колач што го имаш објавенооо, одамна немам пишувано не се сеќавам цитат како се ставаше сори
Дојдов и за рецептот на посен колач на @Mariangel и за фамозните охридски кифли на @mariz не можам да ги најдам.
Се извинувам што доцнам Еве го рецептот: https://www.coolinarika.com/recept/posen-kolac-so-cimet/ Многу лесен и премногу вкусен
Ова да ти било медено срце, шо си го викам јас ама со друго име тука, само што какао не ставам јас. Како и да е. Фала многу
Вариш 5 големи компири. Оставаш да се изладат, и ги рендаш во тавата претходно со зејтин измачкана. Откако ќе ги срендаш, рамномерно налегаш убаво да се залепи смесата за тавата. Сечкаш или рендаш шунка, кулен, врат, сланина или што сакаш од сувомеснато(јас све иссечкав) и распределуваш врз компирот. Во посебен сад, ставаш павлака за готвење пола литро (или млеко, јогурт можеш наместо павлака, јас со млеко правев и 1 кисела битолска павлака), со 4-5 јајца, филџан зејтин, филџан брашно, зачини по вкус што сакаш, мутиш и ако е густо додаваш кисела вода, смесата треба да е како за тостерки, погуста одшо за палачинки. Со смесата прелеваш врз тавата со компирот и сувомеснатото, убаво да се прелие одозгора секаде. За крај, одозгора рендаш кашкавал и сирење, а можеш само едното или само другото. Ставаш да печеш на 220-250 степени со што кога ќе фати корупка одозгора, ќе намалиш на 150-180 уште 15 тина минути. Се сече како лазања на коцки и се сервира. Превкусно е .