Za aravanija/pandispan 2 jajca 1 pecivo 8 lazici seker i mleko 7laz maslo Rendano cokolado 8/9lazi brasno se mesa pa se pece Po polovina ja delam aravanijata i ja premackuvam so pepsi, stavam so krema pasticceria pa vrz nea 2del od aravanijata i taa premackana so pepsi. Gorniot del e so krema od cokolado plus topeno cokolado/po zelba.
Тестото е за обични кифли, само плус ставаш млеко. Правиш форма на ѓеврече и го ставаш во ладна вода со мед, така поминати во водата со мед се ставаат во претходно потпечен сусам.
2 јајца се мешаат со пола чаша растопен путер и една чаша (од 200мл) шеќер. Се додаваат 3 испасирани банани. Во друг сад се мешаат 2 чаши брашно со една мала лажичка пециво и мала лажичка сода бикарбона, и прстофат сол. Сувите состојки се додаваат во течните, и се меша сето тоа. Се пече во загреана рерна на 180-200степени околу 45-50мин.
Торта со јаболка и ореви *3-4 рендани јаболка *3-4 супени лажици шеќер *1 пакетче ванилин шеќер *1 помал филџан (за кафе) Зејтин * 2 лажици супени какао Сè ова се меша убаво и потоа се додава: *5-6 филџанчиња (за кафе) Брашно *1 кесичка пециво *Мелени ореви И повторно се меша, се става во тепсија да се пече 30 минути на 250ºC. Додека се пече, се подготвува погусто какао со шеќер за прелив на тортата откако ќе се испече. Откако ќе се прелие тортата со приготвеното какао се ставаат одозгора мелени ореви.
Гледав во Фемина Инстаграм некој постираше слика од полнети компири. Па ако ме ви е тешко да споделите рецепт....
Макароните се најобично сварени во солена вода. За сосот ставаш малку масло во тава и една лажичка брашно (може бело или пченкарно) и го запржуваш пола минутка. Потоа додаваш печурки од тегла (а може и шампињони, по твоја желба). Јас ставам малку повеќе од пола тегла печурки и откако ќе се пропржат 2 минутки ја додаваш и брокулата. Јас претходно ја ставив брокулата малку да се омекне во зовриена вода а и антибактериски посигурно е. Потоа додаваш 1 не многу полн финџал јогурт, 1 павлака од малечките пакувања и 2 лажички сенф. Ако сакаш сосот да биде погуст може да ставиш првично половина финџал јогурт па потоа да додадеш ако има потреба. Зачинуваш по желба (мој предлог е сол, оригано, бибер и куркума).
500мл млако млеко,2филџан за кафе зејтин,2белки,1квасец,2лажици шеќер,2лажици сол,1кг брашно може и повеќе зависи од брашното. Мешам суви па додавам течни состојки и одма ги правам. Премачкувам со жолчка,сусам,ленено и крупна сол. На секоја кифличка по мало парче маргарин и одма ги печам. Малку на 150степени тогаш нараснуваат и потоа на 200.